Кика од Тетово: Ме мотивира фактот дека секој ден правам нешто добро за себе!

ФитКит инспирација: Кристина Димитриеска oд Тетово

ФитКит инспирација: Кристина Димитриеска oд Тетово

Поради здравствени проблеми и болки во грбот почнала да вежба јога и тогаш на своја кожа ги осетила сите физички и психички придобивки што ги носи активниот начин на живот.

Запознај ја Кристина Димитриеска (Кика) oд Тетово, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Јогата беше составен дел од мојот живот некое време, но поради немање можност да се одржуваат тренинзите, морав да размислувам за друга физичка активност. Мојот партнер во тој период се занимаваше со фитнес и решив да му се приклучам. Од тогаш, до ден денес тренираме заедно. Со тек на време фитнесот стана пасија. Сакам да го обликувам телото, најдобро што можам според мојата градба и конституција. 💪

Кика ќе ја најдеш како вежба во Hammer Gym, секогаш во совршено скоцкана спортска облека за која вели дека дополнително ја мотивира за време на тренинг. Hip thrust е нејзината омилена вежба.

Еве како изгледа фитнес рутината на Кика што и помага секогаш да биде во топ форма: 👇

Обично тренирам 3 до 4 пати неделно. Поради работните обврски, слободно време имам навечер, од 19 до 21 часот. Обично тренингот трае 1 час. Гледам барем еднаш неделно да имам кардио тренинг, остатокот се resistance тренинзи. Повеќе сакам да вежбам со партнер, затоа што тренингот ми е позабавен и има некој со кој можам да се консултирам за формата при вежбање.

Нејзината мотивација за вежбање е фактот дека секој ден прави нешто добро за себе, а нејзина инспирација (освен партнерот) се @alexia_clark, @chontelduncan и @jankabudimir.

ФитКит инспирација: Кристина Димитриеска oд Тетово

Пандемијата Ковид-19 имаше големо влијание врз рутината на Кика, но сепак таа не дозволи мрзливоста да победи. 🙌

На почетокот беше лесно да се мотивирам, затоа што тренинзите ми помогнаа да го сменам фокусот. Сакав и се надевав дека состојбата побрзо ќе се стави под контрола, но како што поминуваше време, просторот во кој што живеам почна да ме гуши. Така во почеток0т на мај изгубив мотивација и вежбањето по дома ми немаше логика. Но тоа не значеше дека не сакам да бидам физички активна. Па така за кратко започнав со кардио тренинг во природа, поточно брзо одење по една прекрасна патека која и во иднина ќе стане дел од мојата рутина. 🌳

По дома најчесто вежбала со домашните и тоа вежби за нозе (lunges, squats, hip thrust) и вежби за грб. Карики, тегови, гуми со отпор и столица се дел од реквизитите што ги користела по дома.

Онлајн вежбањето се наметна како потреба од моментално настанатава ситуација. Добро е да постои како опција и да е достапна на тие што имаат потреба, како почетници, или оние кои се навикнати да вежбаат со тренер.

Не треба ти да дигаш тегови, имаш проблем со грбот. Немој многу да вежбаш, ќе добиеш воспаление на мускулите”, се само дел од коментарите што ги добила додека вежбала. 😪

Со цел да ги разбие предрасудите за вежбањето, Кристина со апел:

Поголем дел од луѓето, активниот живот го доживуваат погрешно, мислејќи дека се состои од некоја ригорозна диета, трошење на многу време по фитнес центри и одрекување од нивниот секојдневен начин на живот. Поради тоа не се доволно мотивирани и фокусирани да го издржат тоа темпо подолго време и најлесно е да најдат изговори и да се откажат. Одлуката за прифаќање на здрави навики ќе го промени Вашиот живот!

ФитКит инспирација: Кристина Димитриеска oд Тетово

Од суплементи користи Whey протеин, колаген и омега 3, мултивитамини и минерали.

Дефинитивно најважен фактор при вежбањето е исхраната. Треба да биде главен фокус на сите што имаат активен живот. Да се трудат да имаат балансирана исхрана богата со сите хранливи нутриенти.

Мака мачи да ги исфрли млечните производи од исхрана, но никогаш не би можела да се откаже од јајцата. 😁

Кога не е посветена на трошење калории и обликување на телото, Кика сака да експериментира во кујна и да фотографира. 📷 Пиење многу вода е нејзиниот (таен) лек против мамурлак.

Ако ти се допадна приказната на нашата Кика од Тетово, следи ја на Инста @dimitrieska_k.

Лесно ќе го забележиш нејзиниот уметнички дух преку уникатни фотографии од секојдневниот живот, храна, цвеќиња и природа.

P.S. She is in love! 🥰


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.