Кои се фитнес правилата што ги следи Шварценегер?

Арнолд-Шварценегер
Арнолд-Шварценегер

Ако си го гледал/а Терминатор сигурно си останал/а без здив од совршено обликуваното тело на Арнолд Шварценегер. 😍

Ако некогаш си вежбал/а боди билдинг сигурно слика од Шварценегер стоела на некој ѕид во теретаната. И со право. 

Арнолд Шварценегер е еден од најзначајните луѓе во историјата на боди билдингот.

Почнал да вежба со тежина на 15 години, а 5 години подоцна ја доби титулата Mister Universe. 🏆

Кога имав десет години, сакав да бидам најдобар во што било. Пробав многу работи и претрпев бројни порази се додека конечно не најдов нешто во што бев најдобар.

Арнолд Шварценегер

Еве топ 5 фитнес совети спореди кои Шварценегер се води:

✅ Deadlift за да добиеш мускулна маса

Доколку имаш кратки нозе, а долги раце, мртво кревање (deadlift) ќе биде идеално за тебе. На овој начин го активираш целото тело и го стимулираш хормонот за раст и лачењето на тестостерон. За најдобри резултати, прави 3 серии по 5 повторувања со пауза помеѓу нив.

Последните три од четири повторувања се оние што го зголемуваат мускулот. Подготвеноста да се издржи оваа болка разликува шампион од некој кој никогаш нема да биде шампион.

Арнолд Шварценегер

✅ Клупата за вежбање (bench) е твојот најдобар пријател

Ако си повисок/а, клупата за вежбање може да не ти биде усогласена со големината на твоето тело. Решение за ова е добро прилагодување на тежината. Ако сакаш да креваш голема тежина, подобро избери други реквизити со сајла или ланец.

Избегнувај ја клупата за вежбање ако имаш долги раце

Ако имаш долги раце, избегнувај ја рамната клупа за вежбање бидејќи може да имаш проблем со рамениците. Како алтернатива, пробај да вежбаш со тегови или најди коса клупа за вежбање. 

Нозете се најбитни

Ако сакаш да изгубиш тежина во нозете, тогаш фокусирај се кардио вежби за согорување на маснотии. Ако сакаш да го зголемиш мускулот на ногата, доволно ти е само да вежбаш со тегови со големи тежини.

Склекови како алтернатива за лат машината

Ако си висок/а, можно е да ти биде потешко да оствариш добри резултати на лат машината. Како алтернатива, пробај склекови. Склековите се совршен избор за да си го зајакнеш грбот и зголемиш мускулната маса.

Истите закони важат во боди билдингот, во спортот и воопшто во животот. За да бидете успешни, секогаш мора да останете 100 проценти фокусирани.

Арнолд Шварценегер

За подобро да ги стимулира мускулите на рамењата, Шварценегер смислил вежба за рамена, именувана по него: Арнолдов потисок (модификација на military press).

Како се прави?

  1. Седни на клупа со наслонет грб;
  2. Згрчи ги колената така да стапалата се со цела должина на подот;
  3. Земи два тега, држи ги пред твоето тело, над висината на градите со дланки свртени кон себе;
  4. Кревај ги теговите ширејќи ги лактите;
  5. Концентрирај се на ротација на рамената додека не ги исправиш рацете (не ги затворај за силата да не ја префрлиш на трицепсите, туку да ја задржиш на мускулите на рамото);
  6. Спушти ги теговите (по истиот пат) во почетна позиција и повтори од почеток.
Арнолд-Шварценегер

Работите што нè предизвикуваат честопати на почетокот изгледаат несовладливи. Но, научив една работа од сите овие години вежбање: Секогаш сме посилни отколку што мислиме.

Арнолд Шварценегер

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.