Сите сме дома и на сите ни недостигаат вежбалните. Но, најверојатно треба да го прифатиме фактот дека “нормалното вежбање” ќе ни недостига уште некое време. Во ред е и да си се пожалиме. Што можеш да направиш за да си помогнеш и како можеме ние како ФитКит да ти помогнеме?
Отсега, покрај можноста за закупување на online часови, ти нудиме можност и за online часови со личен тренер за затворена група на корисници. Супер можност за bonding помеѓу колеги, семејство или другари, и шанса за нови пријателства и едно сосема ново искуство и рекреација од дома. Опциите се бесконечни.
Можеш да пробаш:
- Вежбање со конкретен фитнес инструктор/ка
- Power или класична јога
- Пилатес и аеробик
- Корективни вежби и вежби за исправување на грб и половина
- Функционален фитнес и crossfit
- Класичен фитнес во домашни услови итн.
Процесот е следен:
- Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
- Одберете активност или инструктор/ка која ве интересира.
- Кажете ни кое време ви одговара најмногу.
- Пријавете се овде.
- За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.
Моментално ова е листата на тренери со кои би имал/а можност и привилегија да вежбаш:
- Софија Манчева
- Марио Јовановски
- Драгана Андреевска
- Лејла Рамковска
- Елена Бубало и Атанас Михајловски
- Едина Муса
- Мартин Реџепагиќ
- Елисавета Димовска
- Ивана Каратукова
- Надица Јовановиќ
- Ѓорѓи Спасов
- Антониа Домазетова
- Жарко Батиќ
- Драгана Младеновска
- Рената Младеновска
- Ivana4Fitness
- Никола Шескокалов
- Емилија Попјордановска
Тренинзите, во зависнот од активноста, би се одржувале 2–4 пати неделно, во период од 1 месец. Минимален број на вежбачи е 5. Сите купувате по 30 кредити и ги користите во тековниот месец за онлајн сесиите со вашиот личен тренер.
Натерај некој да стане од кауч, а ние ти ветуваме мнoгу согорени калории!
Остани здрав и фит!
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.