Луѓето се чудат дека јадам по 15 јајца на ден, но не планирам да ги откажам!

ФитКит инспирација: Горан Тромбев од Битола

Се занимава со бодибилдинг 11 години и јаде по 15 јајца дневно. Сè, ама обичен не!

Запознајте ја нашата ФитКит инспирација на неделата — 25 годишниот Горан Тромбев од Битола. Горан работи во фитнес центарот ФИТ — АЛФА Битола и е свежо дипломиран Нутрицонист.

Неговата опседнатост со здрава храна е за пофалба.🙌

Најчесто луѓето се зачудени колку голема улога има храната во овој спорт и колку е потребно да се посвети внимание на храната за постигнување на посакуваните фитнес цели. Зачудувачки реагираат кога ќе слушнат дека јадам околу 15 јајца дневно, зависно од периодот и моменталните цели. Мора да се внимава на исхраната (тоа е клучно) и да се практикуваат домашни тренинзи, препорачливо со фитнес тренер за онлајн тренинзи, какви што можат да најдат преку ФитКит апликацијата.

Покрај здравата исхрана, негова пасија е бодибилдингот.

Тренирам бодибилдинг веќе 11 години, го сакам како индивидуален спорт. Ме прави среќен најмногу поради тоа што се трансформира физичкиот изглед, се добива мускулест изглед, се зголемува физичката сила и способност и секако се подобрува здравјето и психичката состојба.

За време на тренинг, слуша хип хоп, рок или метал, а во последно време посветува и поголема внимание на спортската облека. Under Armour е неговиот омилен спортски бренд.

Омилена вежба? Bench press!

Горан ни открива каква тренинг програма треба да се следи за тело како неговото:

Понеделник — Грб

Вторник — Гради

Среда — Одмор

Четврток — Раце (бицепс и трицепс)

Петок — Нозе

Сабота — Рамења

Недела — Одмор

Тренирам навечер, околу 20:00 часот, тренингот најчесто ми трае 1 час. Мојата примарна цел е да ја зголемам мојата мускулна маса и да ја подобрам симетријата, односно да се подобрат послабите мускулни партии и да бидат складни со останатите мускулни партии. 💪

За разлика од оние вежбачи кои што се жалеа дека немаат услови за вежбање при затворени теретани, Горан успешно го надмина предизвикот.

Искрено периодов со карантин не ми беше тежок, со оглед на тоа дека не ми беше попречено вежбањето, а од друга страна не сум зависник од кафе на широк сокак или излегување по дискотеки. Кога имаше полициски час преку цел викенд, најчесто правев склекови. Така да периодов не влијаеше лошо на мене. А сега веќе од кога се отворени и теретаните за работа, не ми треба ништо друго.

Кога имало полициски час преку цел викенд, склековите биле најчестата вежба на распоредот на Горан, а кога немало карантин, си организирал тренинг во парк.

Ништо не може да го замени тренингот во теретана, но онлајн тренинзите се најдобрата алтернатива, вели тој.

Оваа ситуација не’ натера да размислуваме поинаку и да се отворат нови можности и начини на вежбање, како што се онлајн тренинзите со тренер. Сигурно дека и во иднина многу луѓе поготово почетници со вежбањето ќе се решат така да почнат, без разлика дали е тоа заради недостиг на слободно време или срам да се посетува теретана, што е чест случај.

Нема изговори за седење во комфорт зоната и забушавање, апелира тој.

Повеќето го гледаат спортот како сезонска активност и сакаат побрз резултат, кога ќе сфатат дека е потребно време и голем труд и вложување ја губат мотивацијата. Со спортот вложуваат во самите себе, во поздрав живот, подобра физичка способност, зголемена самодоверба и подобра психичка состојба. Што порано започнете да се занимавате активно со спорт, толку порано вложувате во квалитетен живот.

По напорен тренинг, се наградува со добар протеински шејк. 🍶

Редовно користам суплементи, и препорачувам сите активни спортисти да користат суплементи. Најчесто користам протеин, креатин, БЦАА, глутамин и останати амино киселини.

Goran Trombev free time

Во слободното време, Горан сака да се опушти пред компјутер со некоја добра игра, да пие кафе со пријателите и експериментира со храна.

Ако бодибилдингот е и твоја пасија, заследи го Инста профилот на Горан (goran.trombev). Овде ќе најдеш слики од неговите тренинзи и натпревари во бодибилдинг што гарантираме дека ќе те инспирираат. 😎

П.С. Лејдис, Горан е free and happy! 😜


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.