Кој вели дека одреден, мал сет на навики и избори, практикувани прекувремено не можат да сменат целосен курс на животот? Токму тоа го направија за Марио! Почнувајќи на почетокот на неговото патување, како најобичен посетител на теретана со желба да го смени својот физички изглед од кој не беше задоволен, па до натпреварувач на бодибилдинг натпревар, сопственик на продавница за суплементи, организатор на натпревари во функционален фитнес, активен промотер на фитнес животниот стил и на крај, со она што и денес се занимава повеќе од 5 години, персонален и online фитнес тренер.
Тренинзите кои ги изготвува за своите клиенти се индивидуализирани и варираат од целта и моменталната физичка спремност. Додатно, персонализираниот начин на исхрана е неопходен дел од сложувалката на која секогаш обрнува многу внимание. Сака да ти помогне да креираш здрав животен стил со здрави навики, заменувајќи ги лошите кои не ти служат добро. Исхраната која ќе ја добиеш ќе биде во склад со она што сакаш да го достигнеш. Марио ќе ти каже дека СЕКОЈА цел е достижна — потребно е само правилно сетирање на правецот. Ајде заедно да го направиме тоа!
Процесот е следен:
- Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
- Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
- За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.