Марија и Јелена од Pilates Point: Предноста на онлајн вежбањето е што немаш простор за изговори!

Pilates Point workout

Енергичните Марија и Јелена од Pilates Point студиото веќе месец дена организираат онлајн тренинзи по активен пилатес. Часовите ги одржуваат преку YouТube платформата како најпристапна, едноставна за користење и веќе позната апликација за нивните вежбачки.

Онлајн вежбањето има многу предности зашто немаш повеќе изговори зошто не си успеал да стигнеш на тренинг, велат Марија и Јелена.

-Предностите на вежбањето дома се бројни. Може да се вежба во било кое време од денот, нема изговори од типот: не стигнав на тренинг, немам добра опрема, ми одзема време одењето и враќањето од сала и слично. Треба само мал простор од домот и не повеќе од 40 -50 минути посветени само за себе.

Снимките од онлајн тренинзите се одличен начин како да го подобрат својот перформанс.

-И покрај тоа што постојано држиме часови во сала, кога ќе се видиме себе си на снимка, полесно може да воочиме како изгледаме и звучиме на тренинг, што остава простор да поработиме повеќе на себе.

Сепак, бројни се и предизвиците.

Pilates point online workout

-Најголем страв ни беше тоа како за кратко време, ефикасно ќе можеме да почнеме со онлајн часови. Предизвик ни беше тоа како да се спои сè во едно — добра снимка, добро организиран и изведен час, добар изглед и звук. И нашите вежбачи се трудат да се прилагодат на новите околности (исто како и ние). Најголем предизвик е да го извежбаат часот без да ги прекинува некој член од семејството, односно без да притиснат пауза.

Затоа, како фитнес инструктори неопходно е да бидеме флексибилни тие апелираат.

-Во вакви непредвидливи времиња сите мора да се прилагодиме, да ризикуваме, да научиме нови вештини, да научиме нешто што ќе ни послужи и понатаму бидејќи сè повеќе се актуелни онлајн програмите за вежбање. Од ова може само да излеземе помотивирани и посилни, затоа помалку двоумење, повеќе акција! 😎

За да дознаеш како изгледаат онлајн тренинзите на Марија и Јелена, можеш да ги посетиш профилите на Pilates Point студиото на Фејсбук и Инстаграм каде што често се постираат делови од вежбите што се изведуваат на онлајн часовите.

Со можноста за користење на кредити за онлајн час, ФитКит апликaцијата го олеснува пристапот до тренинзите на Марија и Јелена. Па, доколку ти се допадне нивната енергија, посети го жолтото копче на Pilates Point центарот. Ќе ти бидат потребни само 2 кредити за да им се придружиш во трошењето калории. 💪


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.