ФитКит инспирација: Милена Стефановска од Куманово
Самата себе си е свој фитнес идол зашто секојдневно се стреми да ја постигне зацртаната цел, да ја одржува добрата форма и кондиција и да се чувствува самоуверено, зашто како што вели само во здраво тело, може да има здрав дух. ✅
Запознај ја Милена Стефановска од Куманово, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋
Милена ќе ја најдеш како вежба Power jumps во нејзиниот омилен Fit Club Phoenix во Куманово.
Омилена активност ми се тренинзите во Phoenix, групата ми е одлична со позитивни луѓе, атмосфера опуштена и пред се, имам најдобар тренер со позитивен став, секогаш расположен и нормално тука за да помогне.
Нејзината тајна за секогаш да се биде во топ форма? — Одлично испланирана фитнес рутина! 👇
Мојата фитнес рутина е следнава: понеделник, среда, петок кога можам одам во теретана (гледам да е тоа што почесто). Вторник, четврток и сабота вежбам во клубот Феникс, а неделата или ја оставам за одмор или одам на трчање во природа. Гледам да вежбам секој ден по 1 сат минимум.
Некогаш преферира да вежба сама бидејќи на тој начин е повеќе фокусирана, но признава дека тренингот со партнер е секогаш по интересен.
Ги менува навиките за вежбање во зависност од сезоната. Во лето најчесто избегнува кардио и повеќе е фокусирана на полесни вежби, а во зима повеќе ѝ одговаарат потешки тренинзи.
Често ја прашуваат: Висока си , нели треба да си слаба, зошто вежбаш? 😤, но Милена не дозволува ваквите коментари да ѝ влијаат врз остварувањето на нејзината фитнес цел.
Сите мора да почнеме од некаде, посветете на самите себеси и ќе се чувствувате подобро.
За разлика од многумина, затварањето на фитнес центрите воопшто не ја демотивираше Милена да престане со вежбањето од дома.
Онлајн вежбањето со нејзиниот тренер од Phoenix било идеалната замена за теретана.
Едноставно вежбав од навика, не ми беше потребна некоја мотивација. Знаев дека телото ми е навикнато на вежбање и сакав да го одржувам мојот биоритам.Многу ми помогна мотивацијата од тренерот и неговите интересни и креативни тренинзи. Единствено нешто што ми недостасуваше беше опремата.
Не користи никакви суплементи, туку се фокусира на здрава храна.
Морските плодови се нејзиниот омилен дел од исхраната, а млекото се уште мака мачи да го исфрли.
За мене исхраната е најважниот дел од здравите животни навики. Без здрава исхрана за мене нема постигната цел. 🎯
По вежбање се опушта со силно кафе или топол чај и нејзината омилена серија. Во слободното време сака да црта, да прочита добра книга, да гледа филмови и да се дружи со пријателите.
Токму на нејзиниот Инста профил @stefanovskamilena ќе најдеш најмногу слики од нејзините забавни моменти со друштвото.
И покрај епидемијата да пробаме да останеме позитивни, да воспоставиме правилен биоритам, да ја одржуваме кондицијата и да се храниме здраво. 💪
P.S. She is free and happy! 😜
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.