Со намера да го подобриме корисничкото искуство и да овозможиме достапност на нашите услуги надвор од Скопје и со цел да ја зголемиме нашата понуда со 2 нови категории (спа услуги и персонални тренери) направивме update на системот и апликацијата.
Воведуваме FitKit кредит систем кој што подразбира дека секоја резервација и закажување на тренинг ќе одземе одреден број на кредити од вашиот FitKit профил. Секој тренинг ќе подразбира 1, 2, 3, 4 или повеќе кредити и со тоа ќе се овозможи рамноправност за вредноста на услугите и заштита на нашите соработници. Тоа ќе овозможи кредитите од вашиот FitKit месечен пакет наскоро да го корисите и надвор од Скопје затоа што ќе имаме можност да ги вреднуваме фитнес локациите во внатрешноста на МК соодветно според локалните просечни цени на градот.
Ова ќе направи промена и на вашите профили, па така ако досега купувавте за 1000 денари 8 тренинзи сега ќе купувате 15 кредити. Или, доколку купувавте 16 тренинзи за 1800 денари тоа ќе значи дека сега за истата сума ќе купите 30. Новo е и тоа што ќе можете да купите и 2 кредити — па доколку на крајот на рокот во кој важат вашите кредити имате на профилот останато уште 3 и не сакате да ви исчезнат, ќе можете на пример да надополните уште 2 дополнителни, па со 5те кредити да отидете во некое спа или на тренинг на премиум локација.
За сите оние со веќе активни кредити и чланарини — во текот на овие 24 часа, ќе ви бидат дуплирани активните кредити, бидејќи просекот за повеќето активности ќе биде 2 кредити. Ве молиме за разбирање и стрпливост, доколку имате прашања контактирајте не слободно 🙂
Подесувањето за тренинзите и бројот на кредити кои ќе ви одземе секој од нив ќе го направиме во петок, а оставаме во меѓувреме простор да кликате на UPDATE!
Сега сите накај Google Play и App Store
(http://onelink.to/9cszxc),
Со многу љубов,
Ваш FitKit Тим