Ако гледаме историски уште многу пред да се појават комерцијалните справи за вежбање, во посовремените и поразвиените општества постоеле натпревари за сила и издржливост. Силните и фит мажи и жени користеле дрва, камења, алати и машини за обработка на земја, се’ со цел да ја подобруваат својата физичка спремност и мускулатура. Ако можеби сакаш да ги избегнеш затворените простории и “fancy” моментот, тогаш и ти можеш да импровизираш со цел да останеш фит и силен/на.
Станувањето фит и активен е уште подобро кога ќе биде забавно. Дисциплината треба да биде атрактивна и возбудлива за тебе со што би останал доследен и не би се откажал. Можеш да користиш макар и урбана опрема во парковите близу тебе за да бидеш активен, а да не зборуваме дека денес и се почесто се градат фитнес паркови и сали кои се’ повеќе како дел од опремата имаат едноставни и основни справи за вежбање.
На следниов линк ќе најдеш неколку начини за ‘органско’ збогатување на твојот активен живот дури и во удобноста на твојот дом.