ФитКит инспирација: Бобан Панзевски од Куманово
Упорен, амбициозен и секогаш подготвен за акција. Ова најдобро го опишува нашиот Бобан Панзевски (Боби) од Куманово — ФитКит инспирација за оваа недела.
Иако пандемијата му ја разниша фитнес рутината и мораше да се откаже од HIIT тренинзите кои што беа вистинска адреналинска бомба за него, Боби бргу се адаптираше на новото ‘нормално’. 💪
Ни признава дека качил некој килограм плус за време на карантинот, но со редовни и интензивни тренинзи, бргу се вратил во форма.
Навиката за вежбање ја одржував за време на целиот карантин. Обично вежбав сам, ама јас бев тој што ги мотивираше другите да го следат мојот пример и да вежбаат по дома. Од опрема користев вратило, ластици, bands, ab wheel — буквално се’ што можев со опремата што ја имав. Имав 4 месеци да бидам креативен.
Пред затворањето на фитнес клубовите, поминувал часови и часови вежбајќи, па често го зезале дека спие во Феникс, неговиот матичен клуб. 😅
А еве што најмногу му недостига од активниот фитнес живот што го имал пред пандемијата:
Спонтаноста и опуштеноста. Сега мора да планираме повеќе, за секоја активност, што веројатно е новото “нормално”. Затоа, најди луѓе што те мотивираат и постојано биди во контакт со нив!
Бобан ја црпи својата инспирација токму од обичните луѓе кои што имаат интересни фитнес приказни, затоа со апел до оние што уште размислуваат дали да ја вметнат физичката активност во својата to-do листа:
Мора да сакаш да почнеш да вежбаш, а кога ќе почнеш со вежбање, нема никогаш да сакаш да престанеш!
Неговата мотивација? Огледалото! 😎
Кога не вежба, Боби знае да се опушти со добар филм или серија и квалитетно бело вино (за кое што вели дека се труди да го исфрли, ама не му оди баш од рака).
Немам мамурлак, најчесто вежбам следното утро. Тајната е да пиете многу вода! 😅
Ако ти се допаѓа приказната на нашиот Боби од Куманово, ова е Инстапрофилот на кој што можеш да го следиш @bobanpanzo.
П.С. Дознавме уште нешто — сингл е. 😉
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.