Неколку трикови како да престанеш да јадеш од досада

Photo credits: @introspectivedsgn

Дали посегнуваш по фрижидерот кога ти е досадно?

Јадењето може да изгледа како добро решение кога немаш ништо подобро да правиш во тој момент, но тогаш се големи и шансите да внесеш повеќе калории за што подоцна веројатно ќе се каеш.

Дополнително, кога си под стрес од работа или пак си тажен што не можеш да пиеш кафе со пријателите, тоа може да те наведе да јадеш многу повеќе од она што ти е потребно.

Седењето дома не значи дека треба да ги зголемиш килограмите.

Ајде да ја погледнеме ситуацијата од друга перспектива.

Сега, конечно ќе имаш време да му се посветиш на твојот начин на исхрана, да го доведеш во ред и да создадеш нова рутина.

Еве ти и неколку трикови што ќе ти се најдат за да ја контролираш гладта и да спречиш непотребен внес на калории.

Преуреди си го фрижидерот

За почеток, можеш да го преуредиш распоредот на твојот фрижидер. Здравата храна стави ја во првите (борбени) редови за да ти биде веднаш пред тебе штом го отвориш. А на масните и нездрави намирници, додели им го задниот дел на полиците.

Photo credits: @goodeats_yqr

Јади во голема (по можност сина) чинија

Јадењето во големи чинии е оптичка измама бидејќи имаш впечаток дека си изел/а многу повеќе и тоа ќе ти го задоволи внесот на храна. По можност користи чинии во сина боја — самата боја ја прави храната помалку примамлива.

Избегнувај црвени, жолти и портокалови чинии зашто тие го стимулираат апетитот (со причина ги има и во рестораните за брза храна).

Слушај бавна музика додека јадеш

Бавните ноти несвесно те насочуваат да го јадеш оброкот побавно. Како резултат, побргу ќе се осетиш сит/а и нема да се изложуваш на непотребни калории. Генијално, нели?

Photo credits: @kobuagency

Замени ги грицките со вода

Пред да посегнеш по фрижидерот, напиј се чаша вода. Често мислиме дека сме гладни, а всушност нашето тело е само дехидрирано.

Комбинирај ја исхраната со вежбање

За да се осигураш дека твоето тело нема да трпи несакани промени за време на изолацијата, комбинирај ја исхраната со редовно вежбање.

Докажано е дека дури и самото вежбање те мотивира да се храниш поздраво.

Еве на пример, дали откако добро ќе се извежбаш со некој од нашите онлајн #ВежбамОдДома тренинзи, ти доаѓа нагон да јадеш пржени компирчиња? Веројатно не, нели?

Стави ги изговорите настрана и не посегнувај по фрижидерот секогаш кога немаш занимација и ти гарантираме дека кога сето ова ќе заврши, ќе имаш тело за пофалба, и секако — многу посилен дух!


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.