По веселата, луда атмосфера и еуфорија која владее за време на празниците, собирање на семејството, многу храна, алкохол, веселби и “шопинг треска” се појавува феноменот на празнична (Божиќна) депресија. Станува збор за состојба која може да трае од неколку дена, па и до неколку седмици.
Како ќе препознаеш дека имаш пост празнична депресија?
Ако после новогодишната и божиќна еуфорија имаш зголемено ниво на стрес, интензивно чувство на незадоволство, тажен/на си без причина. 😔
Најизложени на оваа состојба се оние личности кои не се чувствуваат задоволно од својот живот и сето она што го постигнале, осамени се, неодамна раскинале со дечкото или девојката, изгубиле блиска личност, живеат во странство далеку од своите блиски, но и оние кои забушаваат со вежбање.
Овој текст е наменет токму за тоа — како да ја искористиш моќта на вежбањето за да ја победиш празничната депресија. 👌
Едноставно е, состојбата на нашето тело влијае врз нашиот ум (и обратно). Па така, за нашиот ум и тело да функционираат правилно и да бидат во хармонија, важно е да се чувствуваме и физички добро.
Редовната физичка активност е клучот! 💪
Повеќето луѓе вежбаат со намера да си го обликуваат телото што го посакуваат, да симнат вишок килограми, да си ја подобрат кондицијата, да бидат во тренд. Но, дали некогаш си помислил на неверојатните ментални придобивки кои ги добиваш со редовното вежбање, особено во време на пост празнична депресија?
Еве 10 факти кои што се само потврда дека активниот начин на живот е твојот најдобар пријател за одржување на благосостојбата на твоето тело и дух: 👇
✅Вежбањето ќе ти ја зголеми социјалната активност и ќе го намали чувството на осаменост и изолација.
✅Редовното вежбање ќе ти го зголеми нивото на допамин и серотонин во мозокот, кои ти помагаат да се расположиш и да се чувствуваш задоволно со себе (затоа потруди се да вежбаш најмалку 3 пати неделно).
✅Аеробните вежби ќе ти го зголемуваат лачењето на ендорфин, хормон одговорен за подобрување на расположението и зголемување на енергијата.
✅Вежбањето ќе ти ја подобри способноста на умот за да ги издржи секојдневните стресови и проблеми.
✅Редовното вежбање значително ќе ти го подобри квалитетот на спиењето.
✅Вежбањето ја намалува анксиозноста и може да ти ги спречи нападите на вознемиреност и паника.
✅Ќе ти ја зголеми самодовербата и ентузијазмот за живот.
✅Ќе ти ја намали блокадата на мозокот и ќе ти помогне да размислуваш подобро, со леснотија да учиш и да бидеш покреативен на работа и дома.
✅Ако си женско, вежбањето може да ти ги ублажи симптомите на предменструален синдром и депресија.
✅Вежбањето ќе ти помогне за подобар сексуален живот.
Ако барем малку те мотивиравме да почнеш да вежбаш, можеш истото да го направиш веднаш и сега со FitKit Plus.
Станува збор за уникатни онлајн фит програми по пилатес, јога и функционални тренинзи со твоите омилени тренери за да можеш вежбаш во било кое време и на било кое место. Немаш повеќе изговори! 😉
За крај, остани опкружен/на со луѓе кои ти се пријатни и позитивни, уживај во добар филм или книга, наспиј се убаво, посвети се на твоето хоби и не заборавај да издвоиш барем неколку часа неделно за физичка активност. Твојот ум и тело ќе ти бидат благодарни. 🙏
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.