Замисли музичарите наместо да ја користат фразата: “сега младоженците ќе ја сечат тортата”, да соопштат: “А сега се молат гостите да седнат, невестата ќе ја прави шпагата”.
Шала на страна, но сликава е најдобриот показател за тоа какво е ослободувањето откако ќе почне свадбата што ја спремаш половина година. Ќе пукнеш! Каков е напорот и набојот на една балканска невеста и младоженец пред свадба — особено кај невестата. Притисок од сите страни. На мајката, таткото и сопругот барем може да им подвикне, но на свекорот и свекрвата, не. Дури и фина треба да биде, пошто нели ќе “оди” во нивна фамилија. Дополнително од тоа постои притисок за музиката, за фотографот, какво ќе биде времето, гостите, кој на која маса, кој може, кој не може итн. Но сепак ќе се сложиш дека внатрешниот најголем притисок доаѓа од прашањето што таа си го поставува: “како ќе изгледам?”.
Имено многу невести не можат да спијат од таа помисла и се’ опседнати со нивниот физички изглед и со тоа кој фустан да се избере. Тука сме да ја погледнеме и позитивната страна, а тоа значи дека кај многу луѓе, независно дали се гости или главни улоги на свадба, се јавува паниката поврзана со изгледот. Таа паника всушност, конечно кај многу луѓе за прв пат создава реална цел со датум за да се постигне посакуваниот изглед и форма. Се бараат сите диети, апчиња, шејкови, вежби, појаси, најлони, тренери и нутриционисти само за да “биде” до свадбата. Е сега, кога сме кај ова, прво што мора секој од нас да го препознае кај себе е тоа во која група припаѓа. Дали си во оние кои се мотивирани и возбудени за настанот или си во оние кои се избезумени од помислата за настанот?
Оние кои се мотивирани најчесто со време ги почнуваат одрекувањата и дисциплинирањето околу одлуките кои што се поврзани со физичкиот изглед. Стануваат поредовни на вежбање, воведуваат поздрави навики во исхраната и се генерално фокусирани за оваа тема. За разлика од првава група, овие вторите што се избезумени, најчесто прашањето за изгледот ги мачи цело време, но го оставаат за крај бидејки играат на картата “што и да е”. Ако треба ќе се цркне 2–3 недели пред свадба, но ќе биде најригорозно со гладување и вклучени сите масажи, уреди и таблетки кои ветуваат брзо и локациско (стомак или нозе) намалување и топење на салото.
За нас и двете групи на луѓе се разбирливи, но секогаш навиваме здрав и активен живот да биде животен избор, а не моментално реагирање со цел прикрпување на недостатоците. Еве неколку работи кои сакаме да ти ги порепорачаме за да имаш помалку стрес и пристап што може да ти помогне.
Прочитај ги советите што ги имаме за тебе на следниот линк на нашата веб страна.