Софија од Струмица: Зен чувството кое го добиваш после добар тренинг е незаменливо!

Софија Манчева ФитКит амбасадор

ФитКит инспирација: Софија Манчева од Струмица

Харизматична, тренди и секогаш спремна за вежбање. Запознајте ја Софија Манчева од Струмица, нашата ФитКит инспирација на неделата.

25-годишната струмичанка работи како психолог и онлајн фитнес тренер, а својата пасија кон вежбањето ни ја покажа за време на карантинот припремајќи ни одлични онлајн тренинзи за да останеме активни и во рамките на својот дом. Благодариме, Софи! 🙏

Во истиот момент почнав да тренирам дома со минимална опрема од тоа што имав, затоа што некако бев спремна дека тој период нема баш кратко да трае. Освен тоа што тренирав од дома почнав и да ги снимам тренинзите и да ги постирам со цел да помогнам и на други девојки кои што сакаат да продолжат со вежбање. Пробував нови вежби и рутини, споделував совети околу тоа и некако ми се олесни престојот дома. Навистина ми помагаше.

Мотивацијата на Софи да вежба и во домашни услови? 👇

Секогаш почнувам со таа мисла, дека тоа што ми помага на мене и функционира тогаш мора да постои барем уште еден што ќе се пронајде. А јас имам многу девојки со кои секојдневно се мотивираме една со друга. Дури и тогаш кога немав желба и мотивација знаев дека ме чекаат со нов тренинг или online час, и немаше изговори. После тоа секогаш се чувствував многу подобро.

Софија Манчева ФитКит амбасадор

За време на карантинот, мали еднорачни тегчиња и ластици за отпор при вежбање биле неизоставен дел од тренингот.

Нејзиниот фитнес репертоар се состоел од вежби за цело тело, сплит тренинзи, HIIT тренинзи.

Многумина се жалеа дека качиле неколку килограми за време на карантинот, но ова не е случајот со Софи. 👏

За разлика од многу девојки, јас ослабев за време на карантинот. Се трудев да јадам исто, меѓутоа го немав тежинскиот тренинг што е една од клучните работи за одржување и зголемување на муслулна маса. Бев спремна да биде така и го прифатив уште на самиот почеток. Не дозволив тоа да ми влијае, затоа што навистина во таквите моменти беше безначајно. Многу беше поважно што успеав да останам физички активна до самиот крај, а со мене да повлечам и други девојки на кои навистина им беше потребно.

Како искусен онлајн фитнес тренер, Софи прогнозира дека вежбањето онлајн ќе биде новиот тренд. Еве зошто:

Развивме една нова стратегија која се покажа како доста успешна. Некои од тие луѓе и после се продолжуваат да тренираат од дома. Сосема разбирливо и нормално. Не трошиш време, финансиски исплатливо, вложуваш во минимална фитнес опрема и тоа трае. 👌

Во Струмица ќе ја најдеш како вежба во Арена фитнес и во Пулс фитнес, а кога е во Скопје, нејзиниот избор е Фитнес Парк.

Зен чувството кое го добиваш после добар тренинг е незаменливо. Целата енергијата собрана од сите случувања во текот на денот останува таму некаде. Ден за ден, станува дел од тебе. Место кое што ги знае сите твои тајни.😎

Софија Манчева ФитКит амбасадор

Од суплементи користи протеин и preworkout. За Софи исхраната е најважна, иако некогаш мака мачи да ги исфрли тестенините.

Опседната е и со облеката за вежбање. Најчесто бира облека во светли бои, но има милион хеланки, ама не и во црна боја.

Нејзиниот брат и љубовен партнер ѝ се најголемата инспирација. Сепак преферира да вежба сама, освен ако ептен ѝ се погоди партнерот. 😝

Прави околу 5 тренинзи неделно и тоа тежински тренинг во теретана. “Многу вежбаш, да не станеш како маж!?” e еден од најчестите коментари што ги добивала. Сепак, Софи останува доследна на нејзината цел:

Цел живот една иста цел, качување на мускулна маса. Јас сум од оние девојки што имаат проблем со качување килограми. Ама затоа што не сакам било како да накачам килажа, внимавам и свесна сум дека треба време. Го сакам процесот. 💪

Затоа, Софи со апел за сите оние на кои што физичката активност не им е на листата на топ приоритети:

Недоволната информираност, нереалните очекувања за брзи и магични резултати, и недоволна мотивираност и нетрпение исто водат до брзо откажување или пак вежбање на сезони. Физичката активност е најдобриот подарок што можете да си го дадете на сопственото тело!

Ако ти се допадна приказната на Софија, ова е нејзиниот Инста профил (@manchevas). Oвде ќе најдеш кул фотографии од нејзината пасија — вежбањето во теретана.

P.S. Back off, guys, she is already taken! 🥰


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.