Од сите активности досега, најмногу се пронајдов во комбинација на аеробни тренинзи и масажи, вели Елеонора Капсималева од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата.
Првиот тренинг што Елеонора го закажала преку ФитКит била популарната дисциплина Total Body workout во Спортскиот Центар „Јане Сандански”. Од тој момент, таа стекнува навика барем еднаш неделно да си закаже тренинг што најмногу се вклопува во нејзиниот натрупан распоред.
Како дел од тимот на маркетинг гигантот Clikdaq, Елеонора вели дека ФитКит е одличен начин како една модерна компанија може да им покаже на вработените дека вложува во нив.
-Сметам дека вежбањето е одлична бенефиција и ја препорачувам на сите менаџери, одговорните за човечки ресурси и сопствениците на компании кои што доколку сакаат вработените да им бидат мотивирани и да се чувствуваат дека некој се грижи за нив, да ја воведат во својата компанија.
Како експерт по менаџмент на човечки ресурси, Елеонора смета дека вежбањето им помага на вработените да бидат попродуктивни. Вели дека нејзините колеги често ги користат ФитКит кредитите на различни начини, во зависност од нивните фитнес потреби.
А на своите колеги и пријатели што мислат дека немаат време за вежбање, Елеонора им препорачува:
- Фит Кит е апликација каде што Вие бирате кога и каде ќе користите некоја од услугите. Секогаш постои опција да користете и други услуги освен вежбањето кои што го зголемуваат квалитетот на живеење, како СПА, базен, масажа, итн. А воедно, и на моите пријатели им ја препорачувам ФитКит бидејќи може да се вклопи во распоредот на секој доколку сакаат да избегаат од секојдневието. Доволно е само да ја отворат апликацијата и да најдат интересни тренинзи за сите возрасти.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂