Позитивна, амбициозна и секогаш подготвена за акција. Најсреќна e кога прави нешто добро за нејзиното тело и дух. 💪
Запознајте ја 27-годишната Јована Гаврилова од Кочани, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Со почетокот на пандемијата, Јована ја замени теретаната со вежбање од дома со нејзините омилени фитнес инструктори, па може да се пофали со одлични резултати. Навистина ѝ се допаѓа флексибилноста и удобноста што ја носи вежбањето од дома.
Фитнес идол и инспирација ѝ е Софија Манчева, а омилени тренинзи се сите активности што се забавни: 😎
Преферирам HIIT, кардио и пилатес програми, бидејќи нудат вежби кои ги таргетираат сите битни мускули од телото, вежби кои пред се се забавни и интересни.
А некогаш кога ја мрзи да стане од кауч, еве како се мотивира да вежба:
Си велам: “Што се 30 минути? Ќе ги искролаш на Instagram, а не можеш да повежбаш. No, No! Ајде загревај се!” 😂
Како вработена во компанијата SoPro, Јована вели дека вежбањето може многу да ти ја зголеми продуктивноста и перформансите на работа.
Вежбањето може само да не направи дополнително среќни и да ни даде многу повеќе енергија и елан во денот. Ова е навика која секој од нас мора да ја вклучи во секојдневниот живот. ФитКит апликацијата може многу да помогне во оваа цел со тоа што ти овозможува брз пристап и огромен избор на програми за вежбање и релаксација.
Затоа, Јована смета дека е многу битен фактор кога една компанија инвестира и се грижи за здравјето на своите вработени, и тоа вработените го гледаат и уважуваат. 🙌
За да дознаеш повеќе за Јована:
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @jovana.gavrilova
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Jovana Gavrilova
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Jovana Gavrilova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.