,,Секогаш се има време за вежбање“ ова е мислата по која се води Марио Савовски, нашиот ФитКит херој на неделата.
За 25-годишниот скопјанец, првото вежбање преку ФитКит било и пресвртна точка во неговата фитнес рутина.
-Првиот тренинг што го закажав беше во теретаната Фит кај Католичка. Воедно тоа беше и прво посериозно посетување на теретана во мојот живот. Од тогаш редовно гледам да вежбам, најчесто во теретана (понекогаш и дома).
Марио вежба по неколкупати неделно. А еве во која дисциплина најмногу се пронаоѓа:
-Кревање тешки тегови на разноразни непрактични начини (некои тоа би го нарекле бодибилдинг).
Како креативец во тимот на компанијата Crazy Labs, Марио ги охрабрува компаниите да вложуваат во физичкото здравје на своите вработени преку воведување на активен и здрав живот како дел од бенефициите за вработени.
-Ова е прилично голем знак дека компанијата вложува во вработените, бидејќи се грижи за нивното физичко здравје и ниво на фитнес.
За Марио, користењето на ФитКит апликацијата е одлично за луѓе што секогаш се отворени за нови предизвици.
- Ова е апликација кај што ставаш кредити или се претплатуваш и ти дава пристап до мноооогу теретани, спа, и секакви спортски активности. Користењето на апликацијата е прилично лесно и едноставно, и е супер за луѓе што сакаат да пробуваат нови работи.
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.
Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂