ФитКит Херој на Неделата: Снежана Михајлов

ФитКит Херој на Неделата Снежана Михајлов
ФитКит Херој на Неделата Снежана Михајлов

Љубител на јогата, вечен оптимист и човек кој секогаш со позитивна мисла се соочува со секој предизвик. Запознај ја Снежана Михајлов од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

За време на пандемијата многу ја засакав јогата. Јогата ми даде чувство на слобода, ослободување од стрес и ослободување од негативни мисли. Освестување за себеси, за времето, просторот, сетилата, природата и се што не опкружува, како и за важноста на балансиран ум и тело, кое ни дава здравје на едно духовно ниво.

Во јогата секој треба да го пронајде својот учител, а за Снежана тоа е Љупка од Дармакаја Јога. 🧘

Има многу познати спортски имиња кои ги следам на интернет. Тие знаат да бидат инспирација. Но, моја неделна најголема инспирација е Љупка од Дармакаја Јога, благодарение на која освестив во себе многу аспекти кои ми помагаат во физичката изведба на вежбите, но и во смирување на умот. Љупка е мелем за душа. Со неа јогата не е само вежбање, туку нејзините часови се и едукација. Тој темелен и целовит пристап во она што го работиме со љубов и целосна посветеност се наши заеднички вредности. Во јогата секој треба да го пронајде својот учител. Мило ми е што јас ја пронајдов Љупка.

Иако преферира да вежба јога со инструктор во живо, кога времето не и го дозволува тоа, онлајн тренинзите се совршената алтернатива.💻

Онлајн тренинзите нудат можност да се вежба од било каде, во време и место кое нас ни одговара. Тоа е одлично кога не можеме да отидеме во сала, на некоја договорена локација во дадено време. Но, јас лично преферирам вежбање со инструктор во живо, надвор на отворено или во затворен простор, со помала или поголема група. Тоа дружење има исто така бенефиции. Не е добро да се изолираме и да се гледаме само преку екрани. Тоа не треба да стане пракса, туку повремено решение за да не се испушти континуитет во вежбањето.

ФитКит Херој на Неделата Снежана Михајлов

Како Снежана се мотивира да вежба кога не ѝ е денот?

Знам дека после вежбање тензијата во мускулите ќе ја снема и ќе се чувствувам многу добро. Тоа ме мотивира секогаш, знаејќи дека само преку движење ќе си помогнам себеси. А, во денови кога можам и сум дома преку целиот ден, се облекувам во облека за вежбање уште рано наутро кога ќе станам од спиење со план и намера да извежбам и да бидам поактивна во текот на денот. 💪

Првата активност што ја закажала преку ФитКит апликацијата била фитнес тренинг, неколку месеци по раѓањето на нејзиниот син. Од тогаш, Снежана си резервира тренинзи неколку пати неделно.

Иако почнала со фитнес, јогата е нејзиниот конечен избор. 🧘

Најмногу се пронаоѓам во практикување јога затоа што ја намалува тензијата во мускулите на телото, насобрана од неправилното држање и седење во текот на денот како и од стресот. И што е најважно, јогата ме смирува. Позитивните ефекти кои ги има јогата се многу битни за брзото темпото со кое функцинираме. 🙏

Како вработена во Web Factory, Снежана вели дека физичката активност ѝ помага да биде попродуктивна на работното место.

Лично мислам дека ФитКит значајно придонесува за вработените. Секако постои чувство за грижа од компанијата за дополнителните активности кои треба да ги имаме а кои ни помагаат да се чувствуваме поздраво и да бидеме попродуктивни во работата.


За да дознаеш повеќе за Снежана: 💃

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Snezana Ackovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @snezhana_mihajlov

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Snezhana (Ackovska) M.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.