Јанева за најдобрите фитнес центри на хотели во Скопје

Скопје нуди разни можности за фитнес активности, со оглед на големиот број фитнес центри и спортски клубови. Во изминатиот месец, со помош на FitKit, ги истражував најдобрите фитнес центри во хотелите во Скопје. Ги рангирав теретаните според одредени критериуми, како што се големина, фитнес опрема, услови и видови на тренинг, работно време, хигиена, атмосфера, вентилација, персонал, гардероба итн.

Моите три омилени локации се:

  1. Фитнес центар во хотел “Парк”

Теретаната во хотел “Парк” е релативно голема — позиционирана на две нивоа, што е многу позитивно, бидејќи можете да имате приватност додека вежбате. Опремата е доволна за изведување на различни тренинзи (јас не пропуштав ништо), истата е доста нова (можете дури и да гледате YouTube на елиптичната машина) и во одлична состојба. Теретаната исто така има многу модерен ентериер, секогаш е чиста, со доволен простор за вежбање во прекрасна атмосфера пропратено со добра музика (проверете ги сликите, или уште подобро, одете и видете лично!). Теретаната има сосема поинаков изглед и дизајн во споредба со други фитнес центри во градот. Гардеробите се многу пространи, шкафовите се чисти и мирисаат убаво, со електронски картици и неколку туш кабини. На барање на посетителите, исто така, има можност за користење на спа центар (сауна и затворен базен). Персоналот е многу пријателски расположен и компетентен. Една од работите што ми се допадна најмногу во врска со овој објект е работното време од 06 до 23 часот, што ви дава оптимална временска организација во согласност со вашите обврски и приоритети. Вечерното работно време е многу погодно, особено ако сакате да ги избегнете пренатрупаните улици на центарот на градот во текот на денот. Голем бесплатен паркинг простор е достапен пред хотелот. Во оваа теретана е поефтино да вежба со кредити од апликацијата FitKit, наместо да плаќа за поединечни тренинзи. Генерално, цените се доста високи, но откако посетив неколку други фитнес центри со пониски цени, дефинитивно би ја посетила повторно

2. Фитнес центар “Јане Сандански” во хотел “Русија”

Теретаната “Јане Сандански” во хотел “Русија” е една од најпосетените фитнес центри во Скопје. Првата асоцијација кај оваа добро опремена теретана е квалитет. Теретаната е со средна големина, соодветно опремена со машини за вежбање за секого, дури и за професионален боди билдинг. Има фантастична атмосфера, чиста и со добар систем за вентилација. Поголемиот дел од времето, теретаната е полна, главно поради тоа што многу професионални спортисти одат таму да тренираат, и ако тоа не ви е показател дека станува збор за висококвалитетна сала, не знам што е! Во склоп на теретаната достапни се и групни тренинзи (меѓу најпопуларните се хата јога, HIIT тренинг, кикбокс, итн). Цените исто така се поисплатливи доколку вежбате со ФитКит, отколку да уплатите поединечни тренинзи.

3. Фитнес центар во хотел “Александар Палас”

Теретаната во хотел “Александар Палас” има разновиден избор на фитнес опрема и за тренинг со тегови и за кардио вежби, но морам да кажам дека е доста стара, особено во споредба со другите фитнес центри … Има повеќе опрема отколку простор, па затоа на некои места постои дефинитивно чувство на стеснетост кога вежбате. Салата е пространа, со солидна вентилација, но не е многу удобна, а јас бев изненадена од тепихот како подна облога (тепихот е најстариот избор за фитнес, бидејќи може да биде многу нехигиенски). Просторот располага со тушеви и гардероби со клучеви. Според мое мислење, ако одите во Александар Палас, многу е подобро да уживате во спа центарот, а претходно да ја посетите теретаната! Позитивен впечаток ми остави персоналот, многу пријатни и професионални, расположени да помогнат и да дадат совет за тренингот.

Извор

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Прочитај повеќе од нас

Следи не’
Facebook 
Instagram
YouTube