Со сите празници околу нас и пред нас, се’ повеќе се стеснува времето за вежбање. Дефинитивно тоа не е никаква причина да изостане вежбањето, и исто како што секој ден дишеш, јадеш и пиеш, можеш и да вежбаш. Но, овде не се работи за тоа дека не ти е јасно тоа. Овде се работи за тоа дека логиката не е довлона, туку ти треба вистинска причина и “зошто”. Многу пати со луѓе зборувам дека не постои човек што не може да пронајде омилена физичка активност и не постои човек што не може да си најде добра причина да ја најде таа своја омилена физичка активност. Затоа во оваа статија ќе нафрлам идеи што можеби ќе ти помогнат да најдеш нешто што е најблизу до твојот карактер и ќе ти помогне да најдеш мотивација за вежбање.
- Здравје на срце
Можеби не си личност што сака мускули и фит тело, ниту па си размислувал за да бидеш фитнес инспирација. И јас исто, верувал или не. Едноставно тоа не си ти. Но, дали си размилувал на тоа дека сакаш да бидеш витален и здрав на долги стази? Дали си размислувал да бидеш успешен во кариерата? И, зарем е можно да си успешен и витален без да бидеш здрав? Одговорот ти е јасен, а логиката е дека не може здравје без добар кардиоваскуларен систем. - Блескава кожа
Со вежбање се зголемува циркулацијата во телото. Со зголемување на циркулацијата, се зголемува дотокот на кислорот и хранливи материи до клетките. Највпечатливиот доказ за тој дотур на добри состојки е кожата и твоето лице. - Подобрување на држење на телото
Почни да вежбаш и ќе ја видиш разликата. - Помалку болку во зглобови
Седењето и работата во канцеларија придонесува да зглобовите не се во функција, а со тоа и да стануваат поранливи. Од друга страна мсукулите доколку не ги користиме се губат, па така потпората за твојата кичма и ‘рбет се губи што може да придонесе за болки. - Подобрена телесна композиција
Повеќе од сигурен сум дека знаеш дека вежбањето ќе донесе подобар состав на твоите килограми. - Порасположен
Со вежбање се лачат хормони на задоволство. Но, тоа не е се’. Расположението не доаѓа само од моменталното лачење на хормните. Редовната физичка активност ќе придонесе за подобар изглед, подобро здравје и се разбира по автоматизам подобра самодоверба и задоволство со самиот себе. - Контрола на тежината
Тежината е најчесто главниот мотиватор и причина зошто луѓето почнуваат со вежбање. Епа еве ти уште една потврда :). Вежбањето помага да ослабнеш. - Повеќе енергија
Честопати имам слушнато дека некои луѓе избегнуваат вежбање затоа што имаат многу напорни денови со работа и после работа исклучиво сакаат да одморат или пак вежбањето ги прави уморни и после се поспани на работа. Но, и во двата случаеви се работи за сериозна грешка и најчесто тоа ќе го слушнеш од луѓе кои никогаш не вежбале редовно и само претпоставуваат. Вежбање и тоа како придонесува за повеќе енергија. - Мозочна сила и енергија
И да. Вежбањето придонесува за повеќе енергија, но не само за телото, тук и за мозокот. - Помалку стрес
Не се работи за тоа само дека вежбањето ќе ти излачи хормони на задоволство и радост. Едноставно кога си на вежбање најчесто ги оставаш и забораваш проблемите, особено ако си дел од група па го добиваш и социјалниот момент. - Запознаваш нови луѓе
Доколку редовно посетуваш фитнес локации веројатноста дека ќе почнеш да среќаваш луѓе повеќе од еднаш е голема. Со самото тоа по автоматизам ќе дојде и момент на отпоздравување со тие луѓе и подоцна можеби ширење на ново пријателство доколку си човек кој сака луѓе. - Подобро спиење
Додека вежбаш телото ја зголемува неговата температура и секогаш периодот на стабилизирање и ладење е погоден за спиење и дремка, затоа особено доколку тренинзите ти се попладне и навечер веројатноста дека ќе спиеш добро е голема.
Епа доста се овие причини претпоставувам :).
Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.
–Јосиф