Ако често ти требаат и понеколку часа да заспиеш, а наутро се будиш без волја за живот и немаш енергија преку целиот ден, тогаш овој блог е за тебе. 👇
За здрав и квалитетен сон не ти се потребни хемикалии. Самото тело има внатрешен часовник кој кажува кога да се спие и колку да се спие. Телото произведува мала хемиска молекула наречена мелатонин која што е за тоа одговорна.
А најздрав и најбезбеден начин да се стимулира овој хормон на сонот е ВЕЖБАЊЕТО! 💪
Еве зошто:
- Вежбањето ти го намалува стресот и ти ги брка ‘’црните мисли’’ што најчесто ни се јавуваат пред спиење
- Tи ослободува ендорфин (хормонот кој го крева расположението) со што ти ги намалува шансите да си легнеш чувствувајќи се налутено
- Те снабдува со кислород во мозокот и телото и ти помага полесно да се опуштиш во кревет
Експертите препорачуваат да се вежба барем 20 до 30 минути дневно. Тоа ќе ти помогне да заспиеш побрзо и да имаш цврст сон во текот на целата ноќ.
Според истражувањата, најдобро се спие ако вежбаш наутро.
Се препорачува да избегнуваш интензивен кардио тренинг најмалку три до четири часа пред спиењето.
Тоа ќе ти даде енергија, ќе ти ги активира мускулите и повиши телесната температура и поради тоа може да ти биде потешко да заспиеш.
Ако те убедивме дека вежбање (во било кој дел од денот) е твојот сојузник против несоницата, еве 4 дисциплини и примери со видеа што ќе ти овозможат квалитетен сон:
1. Јога
Практикување јога е одличен избор во било кој дел од денот, особено пред спиење.
Вежбите со јога ти го успоруваат биењето на срцето, ти го смируваат хаосот во мозокот, те ослободуваат од наталожениот стрес и тензија, а како резултат — ќе заспиеш подобро!
Следи ги вежбите од видеото и ти гарантираме дека вечерва ќе спиеш како бебе:
2. Медитација
Кратка медитација пред спиење ќе ти го смири умот и целосно ќе те релаксира.
Доволно е само 10тина минути да дишеш и издишуваш длабоко, фоксирајќи се на твојот здив. Пушти си и некоја тивка музика и гледај како стресот испарува од тебе. 😴
3. Пилатес
Пилатес вежбите што вклучуваат истегнување на ‘рбетниот столб и масирање на кичмата (како валање и веслање) целосно ќе ти ги релаксираат нервите и ќе му ја вратат природната флексибилност на ‘рбетот. Ќе се чувствуваш како лебдиш уште пред да ја допреш постелата.
Еве ти видео со предлог вежби за истегнување. Ти гарантираме дека твојот ‘рбет ќе ти биде благодарен.
4. Аеробик
Дали знаеш дека самиот збор аеробик значи „со кислород“ или „во присуство на кислород“. Самото име доволно зборува.
Аеробикот го подобрува снабдувањето на телото со кислород и ја намалува тензијата што ќе придонесе за длабок и квалитетен сон.
Аеробните вежби се препорачуваат барем 3 пати неделно во времетаење од најмалку 30 минути.
Затворените фитнес студија не треба да ти бидат изговор! Девојките од FitLife и Without Limits студиото ти спремија одлични онлајн часови.
Со само неколку клика преку ФитКит апликација ќе добиеш тренинг што целосно ќе ти го нокаутира стресот. 👊
Совет: Ако поминат 15 минути откако си легнал, а се уште не можеш да заспиеш, стани и почни да вежбаш (пример, истегнување во комбинација со длабоко дишење). Ти гарантраме дека дремката наскоро ќе ти дојде. 💤
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.