Ако веќе година дена мака мачиш како да се кренеш на нозе и да си ја повратиш активноста и клиентите во твоето фитнес студио, овој текст ќе те инспирира да погледнеш кон светлата страна на ситуацијата — дигиталниот фитнес. 💪
Потребата да го трансформираш твоето студио во виртуелниот свет е поголема од кога и да било порано. Поентата не е само да одржиш онлајн тренинг, туку треба и целото дигитално искуство да биде забавно, автентично и да одговара на твојот бренд. Ако не знаеш од каде да почнеш или ти треба дополнителна инспирација, имај ги на ум овие совети: 👇
Секогаш тестирај го звукот, камерата и интернетот пред преносот во живо
Можеби звучи очигледно, ама ако не сакаш непријатни изненадувања, секогаш тестирај ја камерата, микрофонот и интернет конекцијата пред тренинзите во живо. Доколку камерата има отпечатоци од прсти, зачисти ја. Внимавај микрофонот да не биде покриен, исклучи други уреди кои што може да ја загрозат брзината на интернет конекцијата.
Вежбачите очекуваат беспрекорно онлајн искуство, така да немаш изговори за паѓање на интернетот или звук што не се слуша добро. Лошото искуство и техничките проблеми ќе ги демотивираат вежбачите и ќе ги предомислат да не се вклучат на твојот следен час. 😕
Зборувај повеќе при онлајн тренинг отколку лично
Иако не ги добиваш истите вокални повратни информации преку Интернет, како на редовен час, важно е да зборуваш повеќе при онлајн тренинзи. Секогаш барај уклучена камера на другата страна.
Твојот глас нека ги мотивира корисниците и без да бидеш близу до нив, затоа слободно биди погласен/на од нормалното и не заборавај да внесеш доза на ентузијазам во гласот.
Секогаш размислувај како можеш да направиш подобар следен тренинг
Не си дозволувај да западнеш во комфорт зоната. Секогаш размислувај како можеш да ги подобриш твоите тренинзи. Прашај ги вежбачите за мислење, следи ги најновите фитнес трендови и секогаш биди отворен/на за да пробаш нови работи. 😎
Предизвикај ги вежбачите
Не дозволувај твоите вежбачи да го намалат интензитетот и мотивацијата за вежбање само затоа што вежбаат од дома и не можеш да ги гледаш и корегираш директно.
Смислувај предизвици, охрабри ги да ти праќаат видеа и слики од нив како вежбаат, од здрави оброци и слично. Реалноста е дека тие можат да следат и бесплатни тренинзи на YouTube, но наместо тоа, одлучуваат да доаѓаат кај тебе.
Овозможи персонализирано искуство
Од маркетинг, па се до фитнес, персонализацијата знае да направи чуда. Сите вежбачи сакаат да се чувствуваат ценети.
Затоа, лично посакај им добредојде на секој нов член од групата, запамти ги нивните имиња и редовно користи ги, интересирај се за нивните фитнес цели и дај им по некој совет за успешно да ги постигнат. 🎯
Покажи дека одлични резултати може да се постигнат и онлајн
Постојано споделувај за резултатите на твоите онлајн вежбачи. Нема ништо помотивирачки за тоа твој клиент да види своја слика на некој од твоите социјални профили.
Ова ќе послужи и како магнет за идни вежбачи кои бараат тренери како тебе што испорачуваат резултати. Никој не сака да си го троши времето и парите ако нема ефект, нели?
Снимај on-demand видеа
On-demand видеата се најновата фитнес атракција што зема голем замав во Македонија и привлекува се поголем број на вежбачи. 🎥
За да си ја олесниш работата, приклучи се на FitKit Plus тимот и подготви уникатна фит програма што твоите вежбачи ќе ја обожаваат. Вреди да се проба! ✅
Многу често кога тренерите немаат акумулирано искуство во дигиталниот свет и општо во фитнес индустријата, повеќе размислуваат да направат сами отколку да го направат поедноставно, сериски и масовно. Како тренер ќе дадеш многу повеќе вредност за твојата заедница ако оставиш друг/и да се погрижи за она што не е твоја работа — да договараш продукција, изработка на веб платформа, продажба итн. Никој нема да ти даде признани за тоа каква платформа, сценографија или платформа имаш. Луѓето бараат да вежбаат со тебе.
Негувај си ја фитнес заедницата
Без разлика дали си во студио или онлајн, многу е важно да бидеш во постојан контакт со твоите вежбачи и да им ја одржуваш во живот мотивацијата. Направи групи во кои што ќе го зајакнуваш односот во заедницата преку објавувања на позитивни и инспирирачки содржини со резултати, признанија, храна, вежби и хумор.
Ова ќе ги направи полојални, ангажирани и ќе продолжат да ги користат твоите услуги и покрај другите опции што ги имаат на пазарот. Така да, ако се префрлиш да водиш тренинзи онлајн, очекувај и тие да ти се придружат.
Се надеваме дека овие совети ти дадоа некоја насока или инспирација да не тапкаш во место и да пробаш нешто ново. Овозможи беспрекорно онлајн искуство и очекувај бројот на вежбачи значително да се зголеми! 👌
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.