ФитКит инспирација: Анастасија Јаневска од Куманово
Кик бокс е нејзиниот спорт за телото и умот. Преферира да вежба сама зoшто сака да се натпреварува самата со себе. Често и велат дека била премногу нежна за да тренира кик бокс.😅
Запознајте ја Анастасија Јаневска (Ани) од Куманово, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋
Вежбам кик бокс во комбинација со фитнес 3 до 5 пати неделно по 1–2 часа. Некогаш вежбам и по два пати на ден.
Инспирацијата ја црпи од од Диана Фитнес, а омилената вежба и е squats.
Сепак, поради пандемијата, Анастасија мораше да го затвори студиото каде што беше инструктор. 😷
Бидејќи и самата прележав Ковид, решив да го затворам Unbranded Fitness додека да заврши пандемијата. Не би сакала некој да се зарази при посета на клубот.
Ситуацијата со затворањето на студиото не дозволи да ја порази. Анастасија останува доследна на својата фитнес цел — да напредува во секоја смисла, па макар и во домашни услови. 💪
По дома се мотивира да вежба со огледало и музика, а од реквизити користи мали тегови и ластик.
Онлајн тренинзите многу ѝ помогнале да не ја изгуби навиката за вежбање за време на пандемија. ✔️
Токму во тоа и се состои нејзината тајна состојка за да се биде фит за време на карантин:
Ќе намалиш со јадење и ќе вежбаш барем 3 пати неделно. ФитКит е совршен избор за луѓе на кои брзо им здосадуваат работите. Дава избор на локација и спорт.
Мотивацијата за вежбање на Анастасија?
Многу сакам да јадам чоколади. 😂
Признава дека нема никогаш да се откаже од чоколадото. Се труди и да го исфрли мајонезот, ама малку тешко ѝ иде.
Не користи никакви суплементи во исхраната, туку брои калории и внимава да внесува многу витамини. 😇
Калориите се важни. И витамините. Доколку внимаваш на количина на внесени калории и внесуваш доволно витамини, можеш слободно да јадеш чоколади и да пиеш кока кола. Нормално, тоа треба и да се троши на тренинг.
По вежбање со опушта со јадење.😋А во слободното време обожава да пее со другарките додека се возат во кола.
Ако те интересира како се обликува телото од соништата со кик боксот, следи ја на Инста @TheRealAnnyFit.
На нејзниот профил ќе можеш да видиш слики од адреналински активности и удари со нога што ти гарантираме дека ќе те инспирираат да се фрлиш во акција.
Најтешко е да се спремиш и да тргнеш на тренинг. Секое избегнување на активниот живот е изговор.
P.S. Љубовен статус: Комплицирано е! 😂
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.