Тренингот ѝ служи како издувен вентил од секојдневните обврски, без кој не може да го замисли денот. На овој начин таа собира енергија и мотивација за да биде најдобрата верзија на себе и да го постигне максимумот на сите животни полиња. 🚀
Запознајте ја Ана Атанасова, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Кросфит, велосипедизам, трчање и скијање во зима се нејзините омилени физички активности.
Често се наоѓам во ситуација да не можам да одлучам која од овие ми е омилена физичка активност. Во сите овие спортови сум активна и секоја од нив си има свои убавини. Зависи од период во период и од тековната фитнес цел, секоја од овие дисциплини различно доминира во мојата фитнес рутина.
Нејзината фитнес цел е да се чувствува удобно во својата кожа, да биде физички и ментално здрава. 💪
Мојата фитнес рутина е комбинација од трите типови на спорт – кросфит, возење велосипед и трчање – 7 дена во неделата. Тренингот ми е издувен вентил од секојдневните обврски без кој не можам да си го замислам денот. Зависно од спортот, за тренинг на затворено користам најразлични справи и аксесоари, а за тренинг на отворено – патики или велосипед.
Комичните ситуации се неизбежен дел од тренинзите на Ана.
Најсмешната ситуација на тренинг ми се случи при држење коцка мраз во уста (заради превенција од оток поради повреда – long story). На сред Barbell Good Morning вежба, ми испадна коцката од уста и се тркалаше по салата. Најсмешно беше што бевме поставени во круг и сите го забележаа тој момент. 🤭
Ако треба да избира помеѓу вежбање од дома или во сала, со тренер или сама, еве што би одбрала Ана:
Вежбање во сала / фитнес студио, дефинитивно! За да се одбегне забушавање од дома, како и поради достапноста на опрема за вежбање. Преферирам и вежбање со тренер, од проста причина што ќе те мониторира и ќе ти го следи прогресот, согласно својата експертиза ќе ти дава насоки и препораки за квалитетен тренинг и ќе те корегира онаму каде што е потребно.
Својот максимум при вежбање го дава на следнава мелодија: 🎶
Првата активност што ја закажала преку ФитКит апликацијата е кросфит тренинг.
Барав нова дисциплина што ќе ме натера да излезам од класичните вежби во теретана и да вежбам конкретни вежби со сопствен тренер. ФитКит ми го реши прашањето во една минута. 🙌
Ана работи како Координатор за TPM и развој на вештини во Пивара Скопје АД.
Таа вели дека омилен дел од денот ѝ е кога по завршување на обврските на работното место ја чека термин за тренинг, како награда. Тоа ѝ дава дополнителна мотивација за работа. ✨
Освен спортските активности, ФитКит нуди најразлични содржини за физичка и ментална благосостојба на корисниците. Ваквата можност вработените да ги користат овие бенефити е показател за грижата од страна на компанијата што директно придонесува за добросостојба на своите вработени, нешто што сум сигурна дека нема да остане незабележано. За добра форма и добро здравје, спортот е број еден состојка во животниот стил, а конзистентноста е најважен фактор!
За да дознаеш повеќе за Ана:😎
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @anastasijaana8
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Anastasija Ana
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ana Atanasova
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.