ФитКит Херој на Неделата: Наим Салихи

Нахим-Салихи

Како дете, тој бил навистина спортски активен. Но, напливот на обврски како возрасен го оддалечил од физичката активност. 

Била потребна цврста одлука за тој повторно да се врати во водите на фитнесот и да стане најдобрата верзија од себе. 💪

Запознајте го Наим Салихи, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Песната од David Guetta – Play Hard најдобро ја опишува динамиката на неговата неделна фитнес рутина што изгледа вака:

Вежбам 3 до 4 пати неделно. Успеав да креирам план за вежбање што го следам и ми носи супер резултати. Правам комбинација од тренинзи за гради, бицепс и трицепс, грб, рамења, нозе и слично.

Нахим-Салихи

Неговиот режим на исхрана се состои од консумирање на безглутенска храна. 

А благодарение на вежбањето, Наим успеал да накачи мускулна маса и да си ја добие посакуваната телесна тежина. Тој вели дека дисциплината е клучот ако сакаш да постигнеш резултати во фитнесот. 🏋️

Прва активност што Наим ја пробал преку ФитКит апликацијата било термин за фитнес во Палестра

Од тогаш, тој вели дека постојано ја препорачува платформата како начин за поголема продуктивност и енергија дома и на работа.

ФитКит ми е омилената апликација што ја имам на мобилен. Секогаш кога ќе се сетам дека треба да вежбам, првото нешто што ми паѓа на ум е ФитКит апликацијата што веднаш ја отворам за да си најдам локација за тренинг што најмногу ми одговара!

Нахим-Салихи

До крајот на годината, Наим ќе се стреми да го одржи ритамот на вежбање што одлично му функционира. Во план му е да проба skydiving за да си ја размрда рутината.

Не чекај совршено време за да почнеш да вежбаш. Нема да дојде такво време. Затоа, едноставно – почни и уживај во процесот на трансформација! 💯

За да дознаеш повеќе за Наим:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Naim Salihi

📸 Пиши му на Инстаграм: @naimsalihi

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.