ФитКит Херој на Неделата: Ристо Гудев

Risto Gudev

Недостигот на самодоверба и незадоволство од својот изглед, го мотивирале да се впушти во фитнес патувањето што целосно ќе му го трансформира животот. 🚀

Со редовно вежбање, тој успеал да намали 13 килограми и конечно да се чувствува добро во своето тело.

Запознајте го Ристо Гудев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Фитнесот ми е омилена физичка активност, бидејки е индивидуална активност и целосно зависи од тебе кога, како и каде ќе вежбаш. Како студент по општа медицина, ми се допаѓа таа флексибилност на вежбање, бидејќи можам лесно да го вметнам вежбањето според мојот распоред на денот.

Кога го мрзи да вежба, музиката е лекот што му помага да се впушти во акција.

Песната Everyday од A$ap Rocky најдобро ја опишува неговата неделна фитнес рутина што изгледа вака:

Вежбам 4 пати во неделата, а 3 дена одмарам. Се трудам моите тренинзи да се што пократки и поедноставни со фокус на правилно изведување на самите вежби. Секогаш се трудам да напредувам со секој нареден тренинг. 🏋️

Risto Gudev

Благодарение на редовното вежбање и дисциплина, Ристо успеал да намали 13 килограми. Придобивките позитивно се одразиле и врз неговото ментално здравје.

Мојата фитнес цел до крајот на година е активно да продолжам со вежбање поради одличните резултати што ги гледам на себе, но и да намалам уште неколку килограми. Затоа, внимавам да внесувам доволна количина на протеини и максимално пробувам да избегнувам брза храна колку што е можно повеќе.

Згибовите се најефикасните вежби за градење на горниот дел од телото и подобрување на силата. Тие се сметаат за “крал” на сите телесна вежби. Ристо е најдобар пример за тоа. 💯

Вежбајќи згибови, стекнав одлична основа за изведување на покомплицирани и потешки вежби. Постои добра причина зошто за воените лица, ова е една од основните вежби, затоа што дава одлични резултати за многу пократко време отколку која било друга вежба за грб.

Risto Gudev

Ристо ни е еден од најредовните ФитКит вежбачи на кој што апликацијата му помага да има континуитет во вежбањето и да не пропушти тренинг, без разлика во кој град се наоѓа. 🙌

Студирам во Скопје, но често се враќам за Струмица. ФитКит ми овозможува да можам да вежбам во 2 различни градови со само 1 претплата.

На сите оние што се двоумат дали да започнат со вежбање или не, еве што Ристо топло им препорачува: ⬇️

Вежбањето треба да биде едноставна работа и да не се комплицира тој процес. Колку повеќе размислуваме на ситните работи во вежбањето, толку повеќе изговори можеме да најдеме за да прекинеме со редовното вежбање.

Risto Gudev

За да дознаеш повеќе за Ристо:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Risto Gudev

📸 Пиши му на Инстаграм: @ristogudev

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.