Таа е зависник од пробување нови дисциплини, бидејќи тоа ѝ внесува динамичност во животот. Реформер пилатес и бордањето се активностите што најмногу ја полнат со позитивна енергија. 🏄
Запознајте ја Вероника Митреска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Откога знам за себе, обожавам да играм кошарка, пливање и возење ролерки низ маало со другарките. Но, пресвртна точка да го започнам своето фитнес патување беше првото одење во теретана и запознавањето на многу нови позитивни луѓе со поинаква перспектива и начин на живот. Тие ме “натераа” да вложам повеќе во себе, да се ценам себеси затоа што можам многу повеќе.
Песната Fallen Leaves од Billy Talent најдобро го доловува интензитетот на нејзината неделна фитнес рутина што изгледа вака: ⬇️
Тренинзите ги распоредувам по мускулни групи. Зависно од неделата и времето што го имам на располагање, практикувам 3 пати неделно вежбање во теретана, 1 до 2 пати Реформер пилатес и 1 ден целосно кардио (секогаш различна физичка активност). Многу ми помага тоа што редовно се движам со велосипед.
По голема повреда, подолг период ѝ било забрането да вежба и да крева тежини воопшто. Благодарение на нејзината дисциплинираност и посветеност да се опорави, денес Вероника повторно е редовен вежбач. 💪
Првото нешто што ми помогна по повредата беше активното пливање. Потоа, продолжив со пилатесот со вежби со сопствена тежина и мали килажи. На крај, преминав кон тренинг за сила што дополнително ме зајакна и ми овозможи да се чувствувам добро и здраво во своето тело.
Ladder Barrel е вежбата што досега ѝ се покажала како најефективна со оглед на нејзиниот начин на работа како Customer Support.
Ова вежба е најефективна за моето тело бидејќи имам седечка работа. Со вежби од овој тип го издолжувам и зајакнувам ‘рбетниот столб и го подобрувам целокупното држење на телото, додека ја зголемувам мојата флексибилност.
Кој редовно вежба, знае дека смешните ситуации се најзабавниот дел од секој тренинг. 🤭
Правев kettlebell swings, а малку подалеку од мене имаше девојка што се тегнеше на мат. Таа не ме виде дека сум позади неа. Во еден момент кога замавнав со тегот, таа скокна од матот мислејќи дека тегот ќе летне во неа. Смешното беше што бев со слушалки, па ми требаше некое време да изреагирам на ситуацијата. Но, сѐ си беше оќеј на крај.
За да ги комплетира резултатите од вежбањето, Вероника се стреми кон балансирана исхрана и фастинг.
Мојот фитнес херој е мајка ми. Таа има големо влијание врз мојот активен начин на живот и уште од мали нозе ме инспирира да вежбам. И Krissy Cela ми е голема инспирација бидејќи има свој успешен бизнис и секојдневно активно работи на тоа што го сака.
Вероника ни е еден најредовните корсници на ФитКит апликацијата. Зависи од тоа како е расположена во денот, така си го бира и тренингот.
ФитКит апликацијата ја користам скоро секој ден. Ми стана навика да ги проверувам сите активности на листата и да си изберам различна физичка активност зависно од моето расположение во денот. Така почнав и да пробувам нови активности што влијаат позитивно на моето тело. Со самото тоа станав и поредовна на тренинг и ги елиминирав сите изговори. 💯
Таа вели дека оваа флексибилност ѝ помага лесно да го вклопи вежбањето во својот распоред и покрај сите приватни и работни обврски.
Со ФитКит имам можност да го бирам времето кога да вежбам, активноста што најмногу ми одговара и што е најважно за мене – да ја менувам рутината што создава поголем напредок со текот на времето.
Покрај пилатес и теретана, Вероника би сакала да ѝ даде шанса и на јогата за да си ја подобри мобилноста и флексибилноста. Би сакала и да искачува карпи на отворено за да ги тестира своите кондиција и издржливост. 🧘♀️
Верувам во дисциплина и посветување време на тоа што го сакаш и со тој што го сакаш. Самата дефиниција на дисциплина е способноста да се продолжи со нешто и покрај тоа што имаш избор да одиш на тренинг или да си седиш дома. Кога со мерак вежбаш некоја активност, нема да постои мрза. Секако, добро е да имаш друштво со коешто во секое време ќе се мотивирате да вежбате заедно. Затоа, верувајте во себе, започнете полека, без брзање и уживајте во целиот тој процес на градење на себе – во тоа е и целата убавина на вежбањето.
За да дознаеш повеќе за Вероника:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Veronika Mitreska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ver.y.much
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Veronika Mitreska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.