Уште како мала, имала многу енергија и ја сакала физичката активност. Па така, покрај танцот, започнала да вежба и во теретана.
Денот кога за прв пат стапнала во фитнес центар било пресвртната точка во нејзиниот живот, бидејќи веднаш почувствувала дека припаѓа таму. 💪
Запознајте ја Виолета Балшевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Денес, Виолета е фитнес тренер која зад себе има голем број на успешни трансформации и задоволни клиенти.
Благодарение на вежбањето и здравата исхрана, успеав да симнам 10 килограми и да имам драстично подобрена психофизичка благосостојба.
Нејзината љубов и пасија кон фитнесот е заразна и ја пренесува и на своите клиенти. 🤩
Зависно од неделните обврски, секогаш гледам да извежбам најмалку 3 до 4 пати неделно. Тренинзите ги распоредувам според работните обврски, но преферирам тренингот да го завршам секогаш пред нив, бидејќи тоа е период кога имам најмногу енергија.
Слушањето хип-хоп музика додека вежба ѝ дава дополнителна мотивација да го даде својот максимум.
Танцување и функционален тренинг се моите омилени дисциплини, бидејќи имаат посложени движења што активираат повеќе мускулни групи одеднаш.
За да ги постигне своите фитнес цели, таа се труди да се храни здраво, а на строг режим е само кога има потреба.
Massy Arias и Michelle Lewin се нејзините фитнес херои и извор на инспирација во деновите кога ѝ е потребна. 🚀
По неодамнешна повреда што го забавила нејзиниот фитнес прогрес, Вики се враќа уште порешителна да ја постигне својата најдобра физичка форма досега.
Во моментите кога ме мрзи да вежбам, само се потсетувам какво е чувството после тренинг и веднаш тргнувам накај сала. Oткако започнав да ја користам FitKit апликацијата, навиките за вежбање не ми се променија, но добив можност да посетувам повеќе фитнес центри со само една апликација. Редовното вежбање ми се одразува позитивно буквално на секое животно поле. 💪
За да дознаеш повеќе за Виолета:😎
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ms.balsh
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Violeta Balshevska
🌐 Посети го нејзиниот веб-сајт: https://vickybalsh.mk/
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.