Љубовта кон фитнесот се раѓа по иницијатива на нејзиниот татко кој спроведувал бодибилдинг тренинзи за мажи и добил желба да ги активира овие тренинзи и за понежниот пол.
Неколку години подоцна, Мајлинда гордо чекори по стапките на татко ѝ, помагајќи на стотици вежбачи да ги постигнат посакуваните резултати. 🎯
Мајлинда Шабани е наш FitKit Plus тренер која ја води програмата Pilates Cardio Polymetric, тренинзи кои што ќе го отворат затворениот потенцијал во твоето тело.
Станува збор за разновидна програма идеална за лица од 17 до 47 години. Тренинзите се состојат од уникатната комбинација на кардио, полиметрични, пилатес движења, и вежби за отпорност со сопствена телесна тежина.
Преку сет од 6 тренинзи, Мајлинда ќе ти помогне да го реновираш твоето тело за многу кратко време, да го елиминираш стресот од секојдневието и да си ја подобриш кондицијата. 💪
Се што ти е потребно за изведување на тренинзите се добра волја и реквизити што ги има во сечиј дом – столови, сукало, ластици пластично стапче и тегови (шишиња со вода како алтернатива).
Кои придобивки ќе ги искусиш ако ѝ дадеш шанса на оваа програма?
✅ Ремоделирање на телото;
✅ Поместување на физичките ограничувања;
✅ Зголемена самодоверба.
За да дознаеш повеќе за Мајлинда: 👩
📸 Следи ја на Инста – @trainwithmylinda
👍 Пиши ѝ на Фејсбук – MyFitnessClubTetov
👉 За да се предизвикаш себе со нова интензивна програма, креирај го твојот профил на FitKit Plus.
Зошто треба да пробаш Pilates Cardio Polymetric со Мајлинда?
Ти обезбедувам оптимални резултати со минимална опрема, за да можеш да тренираш каде сакаш и колку што сакаш со мојата програма. Ова е уникатна, забава и проверена програма преку 10 години. Затоа, те поканувам да тренираме заедно и да се предизвикаш себеси физички и психички. 💯
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.