FitKit Plus Total Body by Bubalo for Beginners – програма на Стефанија Бубало

stefanija-bubalo
stefanija-bubalo

За време на пандемијата, решила да се посвети самата на себе. Поради слободното време, ги вежбала тренинзите на сестра ѝ – Елена Бубало. Еден ден, Елена ја прашала дали сака да ја обучи да стане тренер. Од тогаш, Стефанија се придружува на светот на здравиот начин на живеење од вежбање до правилна исхрана. 💪

Денес, таа е наш FitKit Plus тренер која ја води програмата Total Body by Bubalo for beginners

Оваа програма е динамична, интересна, и ќе те мотивира да го издржиш секој час до крај,  да не се откажеш и со нетрпение да го чекаш следниот тренинг. 😍

Се што ти е потребно од опрема е стабилно столче/кревет и килажа (тегчиња или шишиња со вода како алтернатива).

stefanija-bubalo

Мојата програма е идеална за оние кои се сметаат себе за почетници, оние кои не вежбаат подолг период, за секој еден што има помалку слободно време, за мајки да можат заедно со децата да вежбаат без разлика на нивната возраст (вежбите се безбедни), па дури и за некој што сака едноставно да се размрда во текот на денот.

Еве како изгледа еден тренинг Total Body Workout for Beginners:

🕝 Тренинзите траат околу 30 минути.

  • Првите и последните 5 минути се загревање и истегнување.
  • Главниот дел е 20 минути активно вежбање.

Понекогаш се вежба во интервали како табата и слични варијанти, а понекогаш е потребно да направите определ број на повторувања од дадените вежби. Секоја вежба се објаснува детално пред да се вежба и за време на вежбањето за да може да ја изведете правилно.

stefanija-bubalo

Кои придобивки ќе ги искусиш ако вежбаш Total Body Workout for Beginners со Стефанија?

✅ Добро чувство;

✅ Енергија;

✅ Поголема концентрација;

✅ Подобар сон;

✅ Намалени болки во грбот и вратот;

✅ Зацврстена мускулатура. 

Освен набројаните придобивки, овие тренинзи ќе ти помогнат да го вратиш телото во функционална состојба која му недостасува заради секојдневието и начинот на работа.

За да дознаеш повеќе за Стефанија: 👩

📸 Следи ја на Инста – @stefibubalo

👍Пиши ѝ на Фејсбук – Стефанија Бубало

👉За да почнеш да вежбаш Total Body Workout for Beginners со Стефанија, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

stefanija-bubalo

Зошто треба да ѝ дадеш шанса на Total Body Workout for Beginners програмата?

Одберете ја програмата затоа што секој тренинг ќе ве предизвикува да сте подобри од претходниот. Вежбам заедно со вас, ве мотивирам и низ целиот час, се трудам да ви олеснам и да успеете да го издржите часот, особено вие што сте почетници. Часот е смислен не само да ви ги оформи мускулите, туку да ви биде толку интернесно што ќе мислите дека сте вежбале само 5 минути.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.