Квалитетно вложено време во своето здравје, подобра концентрација, поголема енергија, подобра работа на кардиоваскуларниот систем, намалување на вишок телесни масти, тонзирани мускули, поголема кондиција, координација и здраво фит тело.
Ова се само дел од придобивките што ќе ги добиеш од Total Body Workout програмата на Елена Бубало Михајловска. 👌
Станува збор за интервални тренизни, каде што секој час е различен, со различно темпо, различен интервал, различен ритам, комбинации и повторувања. Еден саат склопени вежби и комбинации во кој доколку се фокусираш и дадеш максимум од себе, ќе се извежба цело тело. Она што ги мотивира вежбачите со години да ја вежбаат оваа програма е чувството после тренинг, но и физичките, психичките и здравствените резултати што ги постигнуваат.
Еве како изгледа еден Total Body Workout тренинг кој во просек трае по 60 мин: 👇
- 5 минути статично загревање;
- 5–10 минути динамично загревање и кревање на пулсот на телото;
- 35–40 минути активно вежбање (главниот дел секогаш е различен, понекогаш се работат вежби во минути со максимум повторувања, понекогаш во секунди со паузи помеѓу нив, има тренизни во кои се дадени вежби и број на повторувања и треба да се завршат што побрзо или пак, да се направат одреден број на кругови);
- 6–8 минути истегнување на крај.
Од 7 до 77 години, секој што се чувствува спремен да се предизвика себе си е добредојден да се приклучи на Total Body Workout програмата. 😎
Во моментов најмалиот член има 14 години, а најстариот 63. Нема идеална таргет група, но има правилно дозирање на тренингот, заменски или модифицирани вежби. Поборник сум за тоа секој да вежба, освен оние кои имаат некој здравствени проблеми па не смеат, или пак нивната состојба да бара посебен индивидуален тренинг.
Придобивките од вежбањето, чувството на исполнетост, среќа, убавиот изглед, ослободување од секојдневниот стрес се едни од причините кои биле пресудни за Елена денес да биде еден од најдобрите фитнес тренери во земјата. 🙌
Започнав пред 10 години за време на моите студии кога од рекреативни спортови беше актуелен аеробикот. Цел живот вежбав играорна што ме направи физички активна, а тоа направи и да се заљубам во физичката активност. Решив дека ќе дадам се од себе да ја работам оваа работа. Многу учење, труд, обуки, планови и искуство ме донесоа до своја програма. Денес имам една огромна армија од вежбачи кои се дел од моето секојдневие и заедно градиме здрави навики за поквалитетен живот.
За да дознаеш повеќе за Елена:
✅ Следи ја на Инста — @elenabubalo
✅ Пиши и на Фејсбук — Elena Bubalo
👉За да вежбаш Total Body Workout со Елена, креирај го твојот профил на FitKit Plus.
Еве зошто треба да ја избереш Total Body Workout програмата на Елена Бубало Михајловска:
Затоа што е заразна и ако еднаш почнеш нема назад! Ќе направиш огромна промена во својот живот и вежбањето ќе ти стане секојдневие (што е многу важно), а не еднократна активност. 💪
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.