FitKit Plus X-Fit програма на Елисавета Димовска

FitKit Plus X-Fit програма на Елисавета Димовска

Почнала да тренира од љубопитност, а денес е еден од најдобрите тренери и нутриционисти во земјава.

Запознај ја Елисавета Димовска, тренер што ја води програмата X-Fit на FitKit Plus. 👋

Започнав да тренирам за прв пат во 2014 година. Претходно немав искуство со никаков спорт и сакав да воведам промена кај себе. Кога видов како се менува телото и животот со воведување на позитивни промени преку исхрана и тренинг, одлучив дека сакам да им помагам на луѓето да го постигнат истото што и јас го постигнав. Истата година запишав и факултет за Нутриционизам. По неговото завршување во 2017 година, работам како нутриционист и тренер. 🙌

X-Fit програмата на Ели е серијал од 6 високо-интензивни тренинзи, наменети за унапредување на твојата физичка сила и кондиција.

Ова е идеален функционален тренинг за почетници и напредни вежбачи, без разлика дали станува збор за мажи и жени, млади или постари вежбачи.

Она што ја прави оваа програма посебна за вежбачите се богатата варијација на вежби, тренинзи и интензитет. Секој нареден тренинг ти се натпреваруваш сам со себе. 💪

FitKit Plus X-Fit програма на Елисавета Димовска

Еве како изгледа еден X-Fit тренинг: 👇

Прв дел: Загревање на телото и мобилизација.

Втор дел: Вежби за загревање (комплекс од 2 или 3 вежби) и аксесоарни вежби за градење сила и мускулна маса.

Трет дел: Вежби за кондиција, сила и издржливост.

Тренинзите се идеални за домашни услови. Се што ти е потребно е минимална опрема како еднорачни тежини, руско звоно и јаже за скокање.

Придобивките од X-Fit програмата се бројни: 🏆

Краткорочно, се надевам ќе им донесам еден час позитива во денот. На долг рок, вежбачите на оваа програма ќе изградат мускулна маса, сила, кондиција.

FitKit Plus X-Fit програма на Елисавета Димовска

За да дознаеш повеќе за Елисавета како тренер: 👩

✅ Следи ја на Инста — @elisavetadimovska

✅ Пиши ѝ на Фејсбук — Dimovska Elisaveta

👉За да почнеш да вежбаш со Ели, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

За крај, еве зошто треба да тренираш X-Fit со Елисавета Димовска: 👇

Доколку сакаш промена на своето тело и си спремен да работиш, со оваа програма резултатот е неизбежен. 👌


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.