Kid-friendly студио за вежбање: DSC BranimirBrankica

dsc-branimirbrankica

Ако бараш начин како да одиш на вежбање, а немаш кој да ти го чува детето, тогаш танцовиот и спортски клуб BranimirBrankica е местото што има решение за овие маки. 🙌

Студиото нуди можност да вежбаш во исти термин со своето дете. Додека родителот има тренинг во едната сала, детето вежба во соседната сала. 

Овде ќе најдеш и бројни опции како да ја воведеш физичката активност уште од најрана возраст како битен сегмент во развојот на твоето дете, а професионалниот тим ќе се погрижи за никогаш да не му биде досадно и едвај да чека да дојде на следниот тренинг. 💯

На тој начин и двајцата ќе се мотивирате да доаѓате почесто на вежбање во истите термини.

Преку воведување на оваа опција за вежбање, DSC BranimirBrankica ги поместува стандардите за тоа како еден современ фитнес центар треба да функционира. 🏆

Ако му дадеш шанса на овој фитнес центар, еве кои фитнес програми ги имаш на располагање:

Аеробик

✅ Пилатес

✅ Танц

Јога

Функционални тренинзи

Медитација

Зумба

✅ Лични тренинзи

✅ Тренинзи за деца

✅ Тренинзи за тинејџери

DSC BranimirBrankica е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩‍👧‍👧

Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на DSC BranimirBrankica и да вежбаш заедно со своето дете, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети ги студијата што се наоѓаат на:

👣 улицата „Ѓорче Петров” број 10 во општината Ѓорче Петров

👣 Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар

👣 Основното училиште „Владо Тасевски” во општина Карпош

dsc-branimirbrankica

За да бидеш во тек со сите новости на DSC BranimirBrankica:

📸 Следи ги на Инстаграм: 

👍 Пиши им на Фејсбук: 

📧 Пиши им на мејл: contact@branimirbrankica.mk

☎️ Јави се: +389 71 968 582

Разбуди го спортскиот дух кај детето со тоа што ќе му покажеш дека физичката активност може да биде многу забавна! 

dsc-branimirbrankica

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore