FitKit Plus Quick Cardio & Tone програма на Хајди Штерјова

hajdi-fit-kit-plus

Во фитнес индустријата е активна повеќе од 8 години. Желбата и навиката физичката активност да биде нејзино секојдневие се родила уште во основно одделение кога почнала да тренира ракомет. 

Денес, Хајди е една од најпознатите тренери во Штип која ја води FitKit Plus програмата Quick Cardio & Tone. 😎

Оваа програма е наменета за почетници кои што немале физичка активност до сега, но и за оние кои правеле подолга пауза од вежбање. 

За да вежбаш Quick Cardio & Tone со Хајди не ти се потребни реквизити, бидејќи сите вежби се изведуваат со сопствена тежина.

hajdi-fit-kit-plus

👇 Еве што ја прави оваа програма посебна за вежбачите: 

Оваа програма е осмислена се со цел да ги мотивира оние луѓе кои што немале никаква физичка активност до сега. Посебна е бидејќи ќе се осети убавата енергија на секој тренинг. Чувството после тренинг не може да се опише, може само да се доживее! Дозволете јас да ве водам низ овој процес. 🙏

Станува збор за забавни тренинзи кои ќе делуваат на твојот кардиоваскуларниот систем, ќе ти ја подобрат снагата, силата и кондицијата. 

Се што ти треба е да одвоиш од 30 до 40 мининути три до четири пати во неделата. 🕝

hajdi-fit-kit-plus

Хајди те уверува дека од тренинг за тренинг ќе имаш се поголема самодоверба и ќе се чувствуваш појак/а и поиздржлив/а.

Сметам дека искуството и знаењето се единственото нешто во кое треба да вложуваме! Желбата и мотивацијата за подобро утре се тие кои што ме водат напред. Насмевката после секој тренинг за мене е доволен доказ и поттик да продолжам со новитети.

За да дознаеш повеќе за Хајди: 👩

📸 Следи ја на Инста – hajdi.s и teamactive.mk

👍Пиши ѝ на Фејсбук – Sterjova Hajdi и страна The Fit and Healthy Life

hajdi-fit-kit-plus

👉За да почнеш да вежбаш Quick Cardio & Tone со Хајди, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Сметам дека секој од вас треба да му даде шанса на вежбањето од дома со FitKit Plus платформата што можете да ја користите да вежбате во било кое време каде и да сте. Секогаш е подобро е да извежбате онлајн доколку не можете да стигнете за тренинг во сала. Кога некој нешто смислил и ни го поедноставил животот, наше е да го применуваме и користиме! 💪

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.