Without Limits Fitness & Aerobic Studio: Make your body — your machine!

Под мотото „Make your body — your machine!”, фитнес и аеробик студиото Without Limits веќе три години воведува новини во фитнес индустријата.

Ова е првото студио што започна со организирање детски спортски родендени составени од тимски игри и натпревари, а она што ги прави уникатни е инклузијата на вежбачи со физичка пореченост.

Without Limits е единственото студио што ја воведе Body PUMP Fitness програмата, а со иновации не застануваат тука.

-Месецов ја започнавме првата утринска TRX Pilates Flow група, постојано се надоградуваме со нови дисциплини, нудиме и продажба на фит хеланки, нуга бест топлински масажи во соработка со Нуга Бест салонот. Целта ни е да имаме и нова локација во иднина бидејќи сакаме да вежбаме без ограничувања и тоа да ни е стилот на живеење и понатаму. Сакаме да ги мотивираме клиентите да го достигнат истото. Пасија и љубов, посветеност се клучни за успех 🙂, вели Тања Блажевска, лиценциран фитнес и бодибилдинг инструктор во Without Limits.

Освен Body Pump Fitness, функционален тренинг, фитнес, пилатес, аеробик, кардио, Kangoo Jumps и TRX Pilates Flow се само дел од лепезата на дисциплини што можеш да ги пробаш во студиото.

А како вежбач, покрај попуст и гратис чланарина, можеш да добиеш и многу подароци, можност за посетување и друга вештина и програма, гратис терапевтски масажи, здрави десерти и слично.

Она што ги прави Without Limits уникатни е токму нивната хуманост која што ја искажуваат преку учество на хуманитарните настани ширум земјава.

-Три години учествуваме на Женска трка Авицена, два пати имавме настап на Скопски цветен фестивал (еднаш со Zumba KIds и еднаш со Kangoo Jumps групата). Со Body Pump Fitness учествувавме на Fitness i Welness Expo 2018, соработници и амбасадори на добрината сме како дел од Inner Wheel Skopje. Постојано сме вклучени во многу хуманитарни настани каде одржуваме тренинзи со цел собирање донации за хуманитарни цели.

Доколку сакаш да бидеш дел од тимот на Without Limits, можеш да го посетиш нивното студио на улица „Московска” број 22, во скопско Тафталиџе.

А за да бидеш во тек сите новости на Without Limits Fitness & Aerobic Studio, следи ги на следниве социјални мрежи:

Instagram: without_limits_studio

Facebook: @StudioWithoutLimits

Without Limits е уште еден член на ФитКит фамилијата.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂