Има нешто интересно во секој почеток на сезона. Многу од луѓето поставуваат најразлични фитнес цели и цели поврзани со навиките во исхраната, но затоа што денес имаме достапно толку многу информации ни’ се јавуваат безброј прашања и дилеми за тоа од каде да почнеме и што можеби за нас ќе биде најдбриот избор. Во продолжение даваме одговор на прашањата за кои многу луѓе се двоумат:
Јас сум нов во овој свет. Од каде да почнам?
Почетокот како и за секоја друга работа е најголемиот предизвик. Но, она што можам да го гарантирам за секој кој што е нов во овој свет, е дека ќе бидат потребни 2 до 3 недели за да почне да ти станува природно и да почнеш да се возбудуваш со тоа што ќе гледаш како ќе се зголемува твојата кондиција и силата во мускулите од тренинг во тренинг.
Еве чекор по чекор од каде да почнеш со вежбање:
- Денови 1,2,3 — Прави добро истегнување со тоа што ќе се осигураш дека мускулите и зглобовите ги носиш до нивниот максимален распон и растегнување.
- Денови 2,3 — Дополнително почни да се движиш на секој начин и ситуација! Користи скали, симнувај се порано на станица или паркирај подалеку, занимавај се со домашни работи и не седнувај пред ТВ!!!
- Денови 4,5,6 — Почни со 30 минутни прошетки или возење на статичен точак или орбитрек.
- Ден 7 — Почни најосновни вежби како склекови, чучњеви (squats), исчекор (lunges).
- Продолжи со сериозна дисциплина и тип на вежбање што одговара најмногу на твојот карактер. Плати чланарина! Ако не знаеш која е твојата дисциплина и/или не сакаш да се врзеш за фиксна локација, луѓе и тип на вежби симни ја нашата апликација за Android или iOS и излези да вежбаш. Смени ги правилата на игра!
Колку треба да вежбам?
Според мене 30 минути со добар интензитет се сосема доволно доколку немаш натпреварувачки цели. Доколку имаш поамбициозна цел за да истрчаш маратон или да се натпреваруваш во cross-fit или било која друга дисциплина, тогаш јас не сум човекот кој ќе ти даде конкретен совет :). Едноставно јас не го правам тоа и не сум поставил такви цели.
Што треба да јадам пред да вежбам?
Ако се работи за попладневно вежбање тогаш најдобро е да темпираш 2 часа после ручек, но доколку не си во можност тогаш осигурај се дека 45–60 минути пред вежбање имаш ужинка која содржи шеќери и протеин, на пример квалитетно протеинско чоколатце или пола рака јаткасти плодови и неколку урми или смокви.
Кои се најдобри вежби за рамен стомак?
Искрено, јас не верувам во овие митови. Најдобри вежби или 3 чекори до рамен стомак… Направи континуитет во твојот активен и здрав начин на живот. Но, кога веќе зборувам за стомакот и неговите форми и детали, тогаш најдобрите “вежби” се прават во кујна :). Правење на вежби за стомачни мускули, издржаи и слично ќе помогне да ги зајакнете мускулите, но за да видите рамен стомак или six pack треба да ја тргнете завесата (мастите). Мастите се создаваат и трошат во најголем дел во кујна!
Која е најголемата грешка што луѓето ја прават поврзана со вежбање?
Најголемата грешка е неправилно вежбање и неправилно користење на справите. Многу луѓе се плашаат да го прашаат нивниот тренер поради срам дека ќе изгледа смешно затоа што не знаат или па ќе бидат досадни. Како би знаеле кога да го правите по прв пат? Па и после 10тиот пат.. Затоа и постојат тренери. Прашај!
Што да правам кога сум навистина ограничен со време?
Во овој случај постојат многу 20 минутни вежби со висок интензитет кои што навистина ќе направат разлика на долг рок. Пробај 10 минути кардио вежби од типот burpees, jumping jacks, high knees и уште 10 минути вежби со отпор push ups, squats, lunges. Или искористи го Google и YouTube :). Постои начин, но ти фали причина!
Многу сум уморен после работа. Дали сепак да одам на вежбање?
Сосема е во ред да вежбаш и кога си уморен. Во принцип вежбањето ќе влијае на забрзување на твојот метаболизам и со тоа ќе влијае на општата добресостојба на телото. Тоа за тебе значи повеќе енергија. Кога срцето и белите дробови добиваат напор тоа значи повеќе нутриенти во крвотокот, повеќе кислород и подобро исфрлање на токсини. Ако не ми веруваш, почни и ќе се заљубиш во чувството после вежбање.