Се плашиш како ќе изгледаш на камера, како ќе ти звучи гласот, дали светлото е добро наместено, дали музиката е погодена, дали позадината е соодветна, дали на твоите вежбачи ќе им одговара времето на тренингот, дали ќе има доволно интерес.
Ова се само дел од предизвиците со кои што секојдневно се соочуваат фитнес инструкторите што организираат онлајн тренинзи.
Охрабрувачки е дека вежбањето дома полека прераснува во тренд. А еве уште една потврда:
21% од пазарот во фитнес индустријата вежба дома, се вели во последното истражување на маркетинг агенцијата Insider, побарано од ФитКит.
Ова е и одлична вест за сите фитнес инструктори кои што се во дилема дали да го пренесат својот тренинг онлајн затоа што потребата од вакви тренинзи се повеќе расте.
Затоа, Јосиф од тимот на ФитКит ти дава одговори на најгорчливите прашања што ги мачат фитнес инструкторите кога треба да одржат онлајн тренинг.
- Не грижи се ако снимката не е идеална
Ти не си глумец, ниту пак си видео режисер. Сосема е нормално дека снимката од тренингот нема да биде идеална, ниту пак вежбачите ќе го бараат тоа.
И фитнес студијата се далеку од идеални, но сепак вежбачите доаѓаат да вежбаат кај вас и тоа не го прават поради просторот, инфраструктурата или заради тоа колку е убаво внатре, туку доаѓаат поради тебе и поради начинот на кој ги водиш.
Ти погрижи се да ја создадеш интеракцијата, но не заборавај дека најдобрата интеракција секогаш е во живо.
2. Социјализацијата како мотив да се оди на вежбање
Луѓето ги сакаат разговорите и дружењето со другите вежбачи пред и после тренинг. Тие со нетрпение ја очекуваат и интеракцијата со инструкторите за време на часот. Во онлајн светот тоа значи сака да ти ги испрати срциња, лајкови, аплаузи и emojis во истиот момент кога се случува настанот.
Вежбачот секогаш ќе се чувствува подобро кога ќе има можност во живо да ти постави прашање, да те извести дека нешто го боли кога прави одредена вежба, или, пак да побара алтернатива за некое движење што не може да го изведе.
3. Креирање и upload на видео снимка не е така едноставно
Ќе бараш телефон со добра камера, ќе се мислиш која музика да ја користиш, ќе се двоумиш дали да кажеш нешто пред или после вежбањето. Ќе монтираш, ќе сечеш, ќе лепиш делови од видеото, ќе додадеш музика и најпосле ќе треба да го прикачиш онлајн.
Но маките нема да сопрат овде. Со оглед на тоа колку мрежите се преоптеретени деновиве, прикачувањето на едно обично видео може да се претвори во кошмар. Голема е веројатноста дека ќе ти се случуваат прекини додека прикачуваш, а можеби ќе треба неколку пати и да го повториш процесот и од почеток.
Нормално, тоа ќе ти создаде нервози, па дури и ќе се доведеш во ситуација да се правдаш пред твоите вежбачи зошто не си можел/а навреме да им го доставиш видеото.
4. Можност за интернационализација на бизнисот
Онлајн вежбањето е одлична можност да вратиш многу луѓе што некогаш порано вежбале во твоето студио, а патот ги одвел во некој друг дел од земјава или светот.
Предноста на онлајн тренинзите е тоа што во твоето студио можби капацитетот е 15 луѓе, но преку Zoom видео повик, ќе имаш место за уште 100 луѓе. Зграпчи го ова како златна шанса да го направиш твојот бизнис интернационален.
5. Дали и колку да наплаќам?
Луѓето не ти плаќаат месечна чланарина за ти да излезеш на крај со киријата, туку затоа што го сакаат твоето време и енергија. Овде апсолутно ништо се нема сменето. Променет е само каналот преку кој што ти им ја даваш твојата енергија и време, а тоа е преку интернет.
Затоа, не плаши се да им наплатиш на твоите вежбачи, па дури и иста цена како што им наплаќаш во студиото. Лојалните вежбачи ќе го разберат и поддржат тоа.
А доколку се уште си во дилема кои платформи да ги одбреш за организирање онлајн тренинзи, топло ти ги препорачуваме YouTube и Zoom.
За да ти излеземе вo пресрет, заедно со Takt креиравме онлајн прирачник за инструктори за да ти покажеме и помогнеме како да го сетираш твојот онлајн тренинг и притоа, да имаш контрола кои вежбачи ти доаѓаат, па дури и како да си ги наплатиш тренинзите преку ФитКит апликацијата.
Oстани здрав и фит!
Тимот на ФитКит
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.