Евгенија Колев е наш MyFitKit remote тренер којшто ќе ти помогне да го засакаш фитнесот како твој интегрален дел од денот, а не како обврска што треба да се заврши. 💪
Со Евгенија како твој личен тренер во џеб, можеш да ја пробаш програмата Legs Burner, одлична за жени што сакаат да постигнат пропорционален и фит изглед.
Станува збор за 4-дневна фитнес програма, фокусирана на нозете. Вежбите се распоредени во 12 тренинзи што ги опфаќаат сите мускулни групи.
Пред секоја соработка сакам да разговарам со клиентот и да дознаам повеќе за неговото секојдневие. Не сите имаме исти начин на живот, исто ниво на стрес и исти обврски. Една програма не може да функционира за сите. Затоа, се стремам да ги доведам програмите до најперсонализираното ниво што може иако тоа некогаш бара многу време, посветеност и модификации. Најважно од сè ми е да го разберам клиентот и неговите дневни потреби и според тоа да ја изградиме програмата. Секогаш се стремам да направам позитивна врска меѓу клиентот и неговиот „нов“ начин на живот, а со тоа да му помогнам да го засака фитнесот и да го смета како дел од секојдневието, а не како обврска што треба да ја извршува на краток рок.
Eве кои бенефити ќе ги искусиш на своја кожа од тренинзите со Евгенија:
✅ Краткорочни: Достигнување на примарната фитнес цел.
✅ Долгорочни: Прифаќање на фитнест како дел од секојдневието, воведување на здрави навики, подобрување на психофизичката и здравствената состојба.
Благодарение на MyFitKit апликацијата, Евгенија добила решение за сите проблеми со коишто таа и нејзините клиенти се соочувале при онлајн соработки.
Апликацијата нуди многу едноставно решение што ќе ја олесни комуникацијата помеѓу тренерот и клиентите. Со оваа апликација, јас како тренер ќе добијам навремено известување за напредокот на клиентите, а со тоа ќе можам и навремено да реагирам и да ја модифицирам нивната програма доколку е потребно. Клиентите, пак, ќе имаат лесен пристап до програмата, вежбите и комуникацијата со мене. Ќе можат да вежбаат во било кое време од денот, без да зависат од мојот дневен распоред или моите слободни термини. Сметам дека овој концепт целосно ќе го зголеми квалитетот на онлајн вежбањето и ќе го подобри корисничкото искуство за сите клиенти. 🚀
Таа вели дека нема “тајна” за мотивација на клиентите, туку самите резултати се мотиваторот што им помага да издржат до крајот на програмата.
Да бидам искрена, не се трудам премногу околу тоа да направам вежбачите да се чувствуваат мотивирано. Резултатите што ги приметуваат кај себе се покажаа како доволни за да ги држат мотивирани и да не се откажат. Сите ние можеме да зборуваме за тоа како со разговор или со различни активности можеме да ја зголемиме мотивацијата кај некој, но доколку тој некој нема резултати од тоа за што примарно ни се обратил – сè паѓа во вода.
Мотивацијата да започне да работи како личен тренер ја добила по првата бременост. 🤰
Споделувајќи го моето постпородилно искуство и трансформацијата што ја направив, константно добивав прашања од трудници и мајки коишто очајно бараа одговор на нивните прашања: „Дали смеам да вежбам?“, „Што смеам да јадам?“, „А, дали вежбањето ќе ми пречи на доењето?“, „Како да го вратам стомакот во нормала по пораѓај?“ И точно знаев како се чувствуваат. Колку искуство и да имаме во фитнесот, колку и да читаме, учиме и се информираме, бременоста е состојба што е многу специфична. Бара индивидуален пристап, трпение и многу емпатија. Токму тоа и ме поттикна да ја направам првата постпородилна програма и да го напишам прирачникот за враќање во форма по бременост. Откако сето тоа допре до поширокиот круг на луѓе на социјалните мрежи, започнав да добивам прашања и барања за персонални програми и од девојки коишто не се трудници или мајки. Со тоа, започна и моето искуство како личен тренер. Моментално држам персонални тренинзи во живо, онлајн персонализирани програми и имам околу 100тина клиенти кои ги купија и ги користат моите фитнес програми прикачени на веб-сајтот rizovaenn.com.
Зошто да ја избереш Евгенија како твој remote личен тренер? ⬇️
Тренинзите со мене се секогаш прилагодени на клиентот и на неговите потреби, можности и цели. Секогаш пристапувам со разбирање и се трудам преку разговор да утврдам што е тоа што му треба на клиентот за да стигне побрзо до целта. Будно го следам напредокот на сите клиенти и сум секогаш достапна и отворена за прашања, сугестии и модификации на програмата доколку се потребни. Дополнително, изработувам и планови за исхрана што ќе им помогнат на клиентите да стигнат побрзо до посакуваната цел.
За да дознаеш повеќе за Евгенија:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Evgenija Kolev
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @rizovaenn
🌐 Посети го веб-сајтот: https://rizovaenn.com/
За повеќе детали за MyFitKit програмата што ја води Евгенија, кликни на следниов линк:
➡️ https://fitkit.trainero.com/shop/marketplace/coaches/evgenija-rizova
MyFitKit е комплетна апликација што со само неколку клика ја олеснува и автоматизира работата на велнес инструкторите, личните тренери, нутриционистите и фитнес студијата.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.