Дали знаеш дека компаниите што имаат активни велнес програми, го намалуваат ризикот дека нивните вработени ќе си заминат за 57%? 🤯
Овие бројки многу јасно ја покажуваат важноста кога една компанија вистински се грижи за своите вработени, а не само на хартија.
Во 2024та, ќе се стави уште поголем фокус токму на физичката и менталната добросостојба на вработените како еден од факторите од кој зависи дали еден кандидат ќе ја избере твојата компанија или онаа на твоите конкуренти.
Вработените не се гледаат повеќе само како заменливи ресурси
Гледајќи колку брзо вештачката интелигенција и технолошките напредоци го трансформираа начинот на работа, компаниите немаат друг избор освен брзо да се адаптираат. 🤷
А тоа значи дека традиционалниот пристап на гледање на вработените исклучиво како ресурс што може да се замени, преминува кон признавање на нив како непроценлив дел од успехот на компанијата.
Менталното здравје на вработените повеќе не е табу тема
Ако порано за проблемите со менталното здравје се зборувало тивко зад затворени врати и низ ходници, денес, визионерски настроените компании се свесни колку влијанието на стресот, анксиозноста и прегореноста кај вработените директно се одразува врз успехот на компанијата. 💯
Се повеќе е јасно колку инвестирањето во физичкото и менталното здравје на вработените ги зголемува нивната продуктивност и перформанси.
Само здрав вработен може да биде посветен, креативен и лесно да се адаптира на компаниските промени. Дури тогаш, таа личност ќе биде подготвена да иновира и да даде сè од себе за компанијата каде што работи да успее.
Токму преку поставувањето на здравјето на вработените како приоритет, бизнисите можат да го отклучат целиот потенцијал на својата работна сила, а со тоа и да си го зголемат својот профит. 💸
Последиците од социјалната изолација како повик за акција
Нормализирањето на работењето од дома носи дополнителни предизвици за самите вработени. Изолацијата, намалената социјална интеракција со колегите, намалената физичка активност, седењето по цел ден на несоодветна столица си го земаат својот данок веќе со години.
Сите овие предизвици ја забрзаа и потребата компаниите да најдат иновативни стратегии за поддршка на своите вработени, особено на оние што работат од своите домови. 🧑💻
Воведувањето на комплетни велнес програми што нудат безброј опции за вежбање, релаксација, но и за подобрување на менталното здравје се win-win опција како за вработените, така и за самата компанија.
Ако воведување на велнес програма базирана на pay-per-use моделот ти делува како интересна опција што ќе даде вредност за твојата компанија и ќе им покаже на вработените колку таа навистина се грижи за нив, те покануваме на кратко демо со нашиот тим за да ти ги одговориме сите прашања.
Закажи си средба на ОВОЈ ЛИНК. 📞
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.