Во борбата со вишокот килограми, решил да формира нови здрави навики за да си го подобри своето здравје, но и да има повеќе енергија за своите работни активности и хобиња. 🙌
Запознајте го Стефан Величковски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Поголем дел од животот се борев со вишок килограми, дури и сега се борам. Најголемиот пресврт ми беше важноста да си го подобрам здравјето. Долгите часови пред компјутер и неактивноста на факултет и на работното место си го направија своето. Но, дојде време да се елиминираат лошите навики и заедно со ФитКит да градиме нови. Денес, формирав сосема нови навики што ми го подобрија животот на приватно и професионално ниво.
Подобрување на здравјето му била најголемата мотивација во првите 3 месеци кога започнал да вежба, но денес, тренирањето му е навика од која нема намера да се откаже.
А омилена физичка активност му е вежбање во теретана. 🏋️
Во теретана буквално секој дел од телото е активиран, дали со кревање тегови или кардио. Доколку мора да изберам најомилен тренинг, би рекол дека тоа е кога се вежба рамо, поради комплексноста на самиот мускул. Искрено, немам резултати во бројки, но комплиментите за самиот изглед најпрво дојдоа од колегите, пријателите и луѓето со кои што цело време се среќаваме во теретаната. Покрај намалување на некој конфекциски број од облеката, вежбањето има големо влијание во мојот секојдневен живот и во работата, концентрацијата ми е подобрена и полесно ги решавам проблемите. Се чувствувам поенергичен, со многу подобро расположение и не сум склон кон нервози.
Токму и првата активност што ја закажал преку ФитКит била во фитнес центарот во Хотел Парк, бидејќи студиото се отвора рано, хигиената е на високо ниво и му е многу близу до канцеларијата каде што тој работи.
Најчесто ќе го сретнеш Стефан како вежба во 6 часот наутро, за да го стартува денот полн со енергија за сите претстојни работни обврски. 💪
А песната што најдобро ја опишува неговата фитнес рутина е Headstrong од Trapt.
Во регуларна работна недела вежбам секој ден, од понеделник до петок. Тренинзите ми се рано сабајле во 6 часот, за потоа да продолжам со работните обврски. Секој ден е поделен на различна мускулна група и секој ден се трудам на правам кардио после тренингот барем 15тина минути. Доколку во текот на неделата има празници или слободни денови, се вежбаат и неколку мускулни групи дневно, со минимално или воопшто без кардио.
А ова е најсмешната ситуација што му се случила за време на тренинг:
Кога почнував да вежбам при мојата последна и најтешка серија на бенч, кога завршив со справата, ми дојде едно девојче ми рече да не ги вадам теговите, тие ѝ биле таман за загревање. 🤦
Читањето на книгата Breath: The New Science of a Lost Art од Џејмс Нестор му помогнало да го однесе на следно ниво своето фитнес патување, побргу да ја зголеми тежината на теговите и да најде начин како кардио вежбите да не му се ноќна мора.
Не срами се да го направиш првиот чекор! Започни со еден тренинг и одржувај го темпото на вежбање. Анксиозноста и стресот кога си во нов фитнес центар се краткотрајни и брзо ќе ги снема. Моите фитнес херои се токму оние што ќе одлучат да направат позитивна промена во својот живот и цврсто ќе се држат до истата!
За да дознаеш повеќе за Стефан:😎
👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Stefan Velichkovski
📸 Пиши му на Инстаграм: @velichkowski
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Stefan Velichkovski
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.