Kid-friendly студио: Фитнес Фабрика

Фитнес фабрика

Фитнес фабрика се пионери во будењето на спортскиот дух кај децата, покажувајќи им на најмалите дека физичката активност може да биде многу забавна. 🤸‍♀️

Ова е тим што не бара оправдувања за да пропушти тренинг, туку решение за тоа како полесно да извежбате без разлика на твојата препрека: од проблеми како дискус хернија, па сѐ до изговори од типот: „Нема кој да ми го чува детето за да вежбам!”

Затоа и нивниот фокус е ставен на можноста за вежбање со децатаДецата сакаат добар пример, а ова е начин како можеме уште од мали нозе да им ја вметнеме навиката за здрав и активен начин на живот. 

Фитнес фабрика

Во секој тренинг или настан што го организираат, тие секогаш наоѓаат начин како да ги вклучат децата за да им ја покажат важноста на семејството, работата, посветеноста и физичката активност како дел од секојдневието. 🙌

Освен опција да вежбаш заедно со своето дете, студиото нуди и кросфит часови за најмалите, внимателно креирани според програма што одговара за нивната возраст и капацитет на тело.

Дополнително, овде има можност и за тренинзи прилагодени за бремените жени како начин да се остане активен и во текот на бременоста и да се подготви телото за промената. 🤰

Фитнес фабрика

Ако бараш студио каде што ќе станеш подобра, посилна, поздрава, поубава верзија од себе, тогаш дај им шанса на некоја од следниве дисциплини што ги нуди Фитнес Фабрика:

Кросфит и функционален тренинг со Атанас Михајловски

Тотал Боди со Елена Бубало Михајловска

✅Open Gym

Од тимот на студиото те охрабруваат да дојдеш, да изгубиш по некоја лоша навика, да стекнеш по некој добар пријател и секако – да станеш фит засекогаш!

Фитнес фабрика

Фитнес Фабрика е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩‍👧‍👧

Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на Фитнес Фабрика и да вежбаш заедно со своето дете, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети некое од студијата што се наоѓаат на:

👣 улицата „Христо Татарчев” во општина Кисела Вода (кај кружниот тек).

👣 улицата „Драган Ѓаконовски Шпато” број 18 во општина Карпош 1 (спроти Зоолошка градина).

 

За да бидеш во тек со сите новости на Фитнес Фабрика:

📸 Следи ги на Инстаграм: @fitnesfabrika2022

👍 Пиши им на Фејсбук: Elena Bubalo

📧 Пиши им на мејл: elena.bubalo@gmail.com

🌐 Посети го нивниот веб-сајт: https://fitnesfabrika.mk/

Фитнес фабрика

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.