ФитКит Херој на Неделата: Евгенија Колев

Evgenija-Kolev

Како мала, таа секогаш била “дебелото” дете во опкружувањето. Дури и во градинка ѝ велеле: „Не може да боиш со тенките фломастери, затоа што си дебела”. 😳

Денес, таа е ултра фит мајка на две деца и синоним дека физичката активност е најдоброто нешто што може да го направиш за себе.

Запознајте ја Евгенија Колев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Некаде околу 6то одделение решив да направам промена и да почнам да вежбам. Беше летен распуст, а јас бев решена дека нема да јадам сладолед цело лето. 😂 И така и беше. Почнав да вежбам дома, возев велосипед и многу внимавав што јадам. Се сеќавам дека се мерев секој ден за да го гледам прогресот и да ги “ловам” грешките. Сфатив дека доколку денес јадам ориз или компир, утре ќе бидам некој грам потешка наместо полесна (подоцна научив за јаглехидрати и заддршка на вода на краток рок).

Тежинските тренинзи се нејзината омилена физичка активност, затоа што таму се бори сама против себе и секој ден е нов предизвик. 

Evgenija-Kolev

Песната Till I Collapse од Eminem најдобро ја доловува нејзината фитнес рутина. 

Евгенија вежба 4 до 5 пати неделно, а тренинзите ги распоредува на овој начин:

  1. Нозе
  2. Грб, трицепс
  3. Нозе 2 и рамо 
  4. Гради и бицепс 

Секој тренинг го започнувам со загревање. Тренинзите ми се состојат од 5 до 6 тежински вежби од по 3 до 4 серии. Во деновите за горен дел, вклучувам кардио и стомачни. Секогаш завршувам со истегнување. 

За нејзините резултати од вежбањето, најдобро сведочи губењето на 30 килограми за рок од неколку месеци што ги качила за време на бременоста. 🏆

Ако треба да одвојам еден резултат, тоа би била трансформацијата по првата бременост. За време на бременоста качив 30 килограми, а за 7,8 месеци се вратив на старата килажа, посилна и со стомачни. За мене тежинските тренинзи се покажаа како најефективни во градењето на тело какво што сакам да имам. 

Evgenija-Kolev

Вежбање без правилна исхрана не оди, осебно во периоди кога таа “брка” одредена цел. 

Немам конкретен фитнес херој. Меѓутоа откако станав мајка, добив појасна слика за тоа колку обврски имаат мајките во текот на еден ден. Затоа, секоја мајка која одвојува време за да извежба е мој фитнес херој. 🦸‍♀️

Таа вели дека нема потреба за мотивација за вежбање. Само станува и оди, чисто од навика. Бидејќи вежба веќе со години, тренингот не ѝ е “избор” туку дел од рутината, исто како што и миењето заби. 

Првата активности што Евгенија ја закажала преку ФитКит апликацијата е спа уживање во Play Fit Move. Од тогаш, почнала да експериментира со повеќе активности. 

Ми се допаѓа тоа што со една членарина можам да користам повеќе услуги и да вежбам на повеќе места. Општо, вежбањето ми делува позитивно на фокусот на енергијата. Искрено, не знам како би функционирала без тренинг подолго време. 

Evgenija-Kolev

До крајот на годината, таа ќе се стреми да качи повеќе мускулна маса и да биде посилна од претходната година. Би сакала и повторно да ѝ даде шанса на јогата, бидејќи смета дека одлично ќе се вклопи со тежинските тренинзи. 

Бидете истрајни. Не барајте брзи резултати. Гледајте го вежбањето како нешто што ќе го правите целиот живот. Градете го и чувајте го телото во кое ќе живеете цел свој живот. Тоа тело не е само тело за 10 дена на плажа. 🏖️

За да дознаеш повеќе за Евгенија:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Evgenija Kolev

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @rizovaenn

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Evgenija Kolev

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.