ФитКит Херој на Неделата: Матеј Коцев

Матеј-Коцев

Благодарение на својата дисциплина за вежбање, тој успеал конечно да го израмни мускулниот дисбаланс и на здрав начин да симне 10 килограми.

Запознајте го Матеј Коцев, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Пресвртна точка за да влезам во водите на вежбањето беше мускулниот дисбаланс што го имав. Започнав со кајакарење. Но денес, омилена физичка активност ми се кросфит и олимписко кревање. Потребни се огромни количини на техника, дисциплина и фокус за да се изведат овие движења.

Матеј-Коцев

Песната Can’t Feel My Face од The Weeknd најдобро ја доловува неговата неделна фитнес рутина: ⬇️

Вежбам 5 до 6 пати во неделата. 3 до 4 дена сум фокусиран на хипертрофија, како начин да се стимулира растот на мускулите и 2 дена ми се наменети за техника. Еден мој тренинг се состои од 10 минути кардио, 20 минути истегнување и загревање, 60 до 90 минути вежбање (зависно од програмата) и уште 20 минути истегнување на крај.

Back squat е вежбата што досега се покажала како најефективна за Матеј.🏋️

Back squat, ги опфаќа скоро сите мускулни групи, психички и физички, тешка е и те црпи. Но, ако е изведена правилно, има најмногу предности за развој на сила и хипертрофија.

Матеј-Коцев

„Не можам да одам да вежбам само кога сакам, туку и кога морам” е менталитетот што го води Матеј да биде позитивен пример за дисциплиниран вежбач и да инспирира многумина околу него.

Мојот фитнес херој е Mat Fraser, 5кратен CrossFit games world champion. Понизок е од сите, со скршен ‘рбет, но 5 години по ред освојува прво место со доминантни изведби.

Првата активност што ја закажал преку ФитКит апликацијата се пливање и спа третман, бидејќи имал повреда на грбот. 💆

Користењето на ФитКит апликацијата се одразува многу позитивно врз мојата фитнес рутина. Зависно од денот и тоа како се чувствувам, избирам што да вежбам и каде да вежбам. Не сум ограничен со место или дисциплина.

Матеј-Коцев

Инспириран од Mat Fraser, до крајот на година, Матеј си има поставено за цел да крене 220 килограми од back squat. А во план му е да си ја тестира и кондицијата трчајќи маратон.

Кога почнуваш со вежбање, биди љубопитен, прашувај и учи. Почетокот е дефинитивно најубав! 🚀

За да дознаеш повеќе за Матеј:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Matej Kocev

📸 Пиши му на Инстаграм: @the.morning.starr 

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Matej Kocev

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.