ФитКит Херој на Неделата: Ивана Герчакова

Ивана Герчакова

Таа е македонската Iron Girl и со право. Го држи националниот рекод во женска категорија на full дистанца Ironman Triathlon, од 13 часа и 17 минути. 🏆

Запознајте ја Ивана Герчакова, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Моето патување во вежбањето започна кога професионално почнав да тренирам ракомет во Кометал како голман, што ја разбуди мојата страст за спортот. Од тогаш, спортот е неразделен дел од мојот живот, постојано барам нови предизвици. Пресвртната точка беше кога престанав со ракометот и сфатив дека спортот е повеќе од натпреварување – тој е животен стил што ми носи радост и исполнување.

Триатлон е нејзината омилена физичка активност, бидејќи комбинира 3 различни спортови – пливање, велосипедизам и трчање. Од тука доаѓа и нејзиното мото: Why be bad at 1 sport, when you can be bad at 3? 🤭

Периодов направив поголема пауза, меѓутоа гледам полека да се вратам на редовните тренинзи. Моите подготовки за триатлон трките беа по строго дефинирана програма, која вклучуваше секојдневно вежбање. Во одредени периоди, имав дури и по 2-3 тренинзи на ден, зависно од фазата на подготовка. Тренинзите ги распределував во блокови 3+1, каде што 3 недели работење се фокусирани на издржливост и зголемување на волуменот на тренингот, додека 1 недела е посветена на одмор, со намален интензитет за да се овозможи целосно обновување на телото.

Песната од U2 – Beautiful Day најдобро ја опишува нејзината фитнес рутина и има особено значење за Ивана, бидејќи ова е песната што била во позадина кога го финиширала омилениот триатлон. 🤸‍♀️

Ивана Герчакова

Мислата е посилна од било каква болка на телото, вели Ивана, објаснувајќи како ја научила оваа лекција. 

Ќе споделам за мојата прва Half триатлонска Ironman трка во Пула. Половина месец пред трката, паднав од точак и  ја повредив ногата доста лошо. Решив да се натпреварувам со повредена нога и да пробам да ја завршам истата со ум, а не со тело. Така и беше. Тоа беше трка на која што ги поминав сите 9 кругови од пеколот. Тоа не беше резултатски моја најдобра, ама беше моја најомилена трка. Оваа трка ме промени засекогаш. Тоа беше трка поради која почнав спортот да го гледам поинаку.  Дури тогаш дознав дека мислата е посилна од било каква болка на телото.

Јогата е физичка активност што досега се покажала како најефективна за Ивана.

Иако долго време ја избегнував јогата и мислев дека тоа не е за мене, забележав дека  ми помогна доста во опоравувањето по интензивните тренинзи. Ми внесува ментален мир и ми помага да останам мотивирана.

Таа ни издвојува 3 смешни ситуации што ѝ се случиле за време на тренинг. 🤭

  • Првата беше кога имав 30 километри за трчање. Не успеав сабајле да го изработам тренингот, па решив да го направам касно навечер. После истрчаното бев толку уморна што реков само кратко да седнам во кола и си бегам накај дома. Моето следно будење беше после 3 саати. 3 саати сум спиела на паркинг во кола.

  • Втората ситуација беше на базен. Многу доцна завршив со пливање и немав простор да си ја исушам косата, па излегов накај дома со крпа на глава. По пат ме застана полиција, ми рекоа да дувам, мислеа дека сум пијана.

  • Третата беше со велосипед. Бевме договорени да возиме до Гевгелија и излеговме пред 5 часот наутро со цел да ја избегнеме гужвата по пат. Возејќи по пат сретнав дечки што тоа време се враќаа од град и го наслушнав муабетот каде едниот на другиот му рече: Брат, не сме јас и ти пијани, девојчево е!

Ивана Герчакова

Главен фактор во нејзината фитнес рутина е исхраната. Со добро комбинирање на истата, таа ги завршуваа и најтешките трки. Затоа, се труди да внесе доволно квалитетна храна, која најмногу се сведува на зеленчуци, овошје и многу, многу течности.

А кога нема мотивација за вежбање, еве како се убедува самата себе да оди на тренинг:

Поставувам мали, лесно достижни цели за секој тренинг. Пробувам да го визуелизирам она убавото чувство после вежбањето и знам дека после тоа нема да имам никаков проблем да почнам со вежбање.

Од неодамна, Ивана е и триатлон судија каде што има можност да види голем број на дечиња како тренираат со жар и елан. Тие мали фитнес херојчиња се нејзината најголема инспирација. 🤸‍♀️

На почетниците во вежбање би им препорачала да започнат полека, да постават реални цели и да бидат конзистентни во вежбањето. На децата нема ништо да им препорачам, ќе им препорачам на нивните родители – да ги пуштат да спортуваат, да ги поддржуваат и да веруваат во нив, затоа што тоа ќе биде нешто најдобро што може да им се случи.

Ивана Герчакова

Нејзините цели се да истрча една планинска трка од 100км и една трка Xtreme Triathlon и вели дека ќе може да се пензионира. 😄 Во блиска иднина има желба да се проба и со Kitesurfing.

Првата активност што Ивана ја закажала преку FitKit апликацијата била сауна, бидејќи ѝ било потребно опуштање на мускулите и детоксикацијата на телото.

Откако започнав да ја користам FitKit, фитнес навиките значително се ми се подобрија. Апликацијата ми овозможи да ги следам моите тренинзи и напредок, што доведе до подобро планирање и повеќе дисциплина. Mи помогна да ja следам и подобрам мојата фитнес рутина, што резултираше со подобрување на моето здравје и мотивација, како во спортот така и на моето работно место. FitKit е одлична апликација за денешното забрзано време, бидејќи нуди флексибилност и достапност за сите, од почетници до професионалци, со голем избор на спортски објекти.

За да дознаеш повеќе за Ивана:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Ivana Grce

📸 Пиши му на Инстаграм: @ivanagrce

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ivana Gerchakova

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.