ФитКит Херој на Неделата: Ана Кушоска

Ана Кушоска

„Ајде станувај, ако не вежбаш ќе чувствуваш грижа на совест!” Ова е начинот како таа самата себе се поттикнува да оди на тренинг во моментите кога не е мотивирана. 

Доброто чувство што го има по напорно вежбање, секогаш ја победува мрзата на почетокот. 💯

Запознајте ја Ана Кушоска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Почнав да вежбам уште во моите дваесетти години. Од тогаш, физичката активност стана дел од моето секојдневие. Вежбањето ми помага да се чувствувам полнa со енергија во текот на денот, поздраво и балансирано во животот. Пресвртната точка беше кога сфатив дека преку вежбањето можам да го одржувам моето физичкото и ментално здравје.

Низ годините има експериментирано со најразлични типови на активности како пилатес, аеробик, теретана, јога, зумба. Но, во последниов период, функционалниот тренинг е дисциплината без кој што не може да си го замисли денот.

Последниве години вежбам функционални тренинзи, бидејќи тие ми овозможуваат да ја зајакнам својата физичка сила и да се чувствувам посамоуверено и енергично. Овој вид тренинг ми носи не само издржливост, туку и чувство на внатрешна рамнотежа.

Ана Кушоска

Токму и првата активност што ја закажала преку FitKit апликацијата било функционален тренинг. Таа вели дека откако ја користи апликацијата, вежбањето станало повозбудливо и поинтересно. ️‍🔥

Апликацијата ја зголемува мојата љубопитност и мотивација, бидејќи постојано истражувам нови активности и чувствувам желба да испробам нешто ново и различно од вообичаената рутина. Користењето на FitKit дефинитивно имаше позитивен ефект врз мене. Вежбањето ми дава повеќе енергија и ми помага да останам фокусирана и продуктивна на работа. Кога ќе направам добар тренинг, се чувствувам помотивирано и полесно ги завршувам обврските во текот на денот.

Песната Don’t Stop Me Now од Queen најдобро ја опишува нејзината фитнес рутина што изгледа вака:

Вежбам исклучиво рано наутро, откако ќе ги испратам децата на училиште, обично од 7 или 8 часот. Тренирам 3 пати неделно, а после тренингот денот може да се започне со работа и обврски. Овој распоред ми помага да бидам енергична и фокусирана во текот на целиот ден. Don’t Stop Me Now од Queen совршено го отсликува чувството што го имам после утринскиот тренинг – еуфорија, енергија и подготвеност да го извлечам максимумот од денот. Оваа песна ја претставува мојата желба да останам во движење и да го започнам денот со позитивна енергија.

Благодарение на вежбањето, Ана значителното ги намалила болките во грбот како резултат на седечката работна позиција.

Првиот и најважен резултат што го постигнав благодарение на вежбањето е значителното намалување на болките во грбот. Бидејќи мојата работа е исклучиво седечка, вежбањето ми помогна да ја зајакнам мускулатурата и да ја одржувам правилната положба на телото. Ќе се стремам да продолжам да ја одржувам својата рутина и да останам доследна на активниот начин на живот. Дополнително, планирам да вклучам повеќе активности на отворено, за да поминувам повеќе време во природа.

Ана Кушоска

Таа не следи посебен режим на исхрана, но секогаш преферира да приготвува домашни оброци. 🥘

Со оглед на тоа што имам 2 мали деца, се трудам храната да биде здрава и балансирана. Често вклучувам што повеќе овошје, зеленчук, салати и свежи намирници во секојдневните оброци.

Нејзините фитнес херои се тренерите од Functional Planet. Нивниот професионализам, мотивација и поддршка ѝ помагаат да ги надмине своите граници. 

Биди трпелив/а и да не очекувај резултати преку ноќ. Најважна е дисциплината и континуитетот, како и да си најдеш активност што ти одговара и во која ќе уживаш. Само на тој начин вежбањето ќе ти стане дел од секојдневието. 

За да дознаеш повеќе за Ана:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Ana Kushoska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @akushoska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Ana Kushoska

 

 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.