Софтверски инженер по професија, а фитнес ентузијаст во душа. Обожава патување, вкусна храна и добри филмови. 🎥
Запознајте ја 29-годишната Софија Петроска од Прилеп, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋
Првата активност што ја закажа преку ФитКит апликацијата е тренинг во центарот Fitness & Spa Park. Од тогаш, неколку пати неделно си резервира часови преку ФитКит.
Од сите активности, најмногу се пронаоѓа во фитнес тренинзите бидејќи може да вежба во време што најдобро ѝ се вклопува во распоредот. 📅
Онлајн тренинзите не можат да ја заменат споделената енергија во живо. Сепак, тие се практични бидејќи можеш да вежбаш од секаде, ти заштедуваат време, па сите изговори што ги имаш, ти паѓаат во вода. 💦
Софија ја инспирираат сите оние кои изгледаат одлично и балансираат со секојдневен живот. 👸
Како Софија се мотивира да вежба кога не ѝ е денот?
Си ја замислувам целта која што сакам да ја постигнам и станувам да вежбам за побрзо да го испијам чоколадниот протеин за после вежбање. 🍫
Како вработена во компанијата Polar Cape, физичката активност ѝ помага да биде во топ форма по долгото седење пред компјутер.
ФитКит апликацијата е една од најкористените бенефиции што може да ги понуди една компанија за вработените што се физички активни и се грижат за себе.
Еве што им препорачува на колегите што немаат навика за вежбање:
Не може да немаш време, може само да не ти одговара одреден термин. Нема изговори – сè се сведува на приоритети.⏰ Сè што ти е потребно е минимум 20 минутна физичка активност, во комбинација со гласна музика, за денот да ти добие друга смисла!
За да дознаеш повеќе за Софија:😎
👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Sofija Petroska
📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @sofija_777
🎯 Конектирај се на LinkedIn: Sofija Petroska
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.
Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.