Дали твоите вежбачи “пропаднаа во земја” со почетокот на пандемијата? 😤
Дали се уште истите луѓе ти доаѓаат на часови без разлика дали се тоа онлајн часови или во сала?
Ако голем број вежбачи ти “избегаа” во друго студио или едноставно ти треба инспирација како да ги мотивираш вежбачите да ти бидат лојални, овој текст е за тебе.
Пред да преминеме на решенијата, Драгана од Fierce Fitness ни објаснува кои се најголемите предизвици за одржување на редовно и лојано членство за време на пандемија. 😷
Најголемиот предизвик е одржување на безбедноста на сите членови за време на тренингот. Редовната дезинфекција, професионалната вентилација, проветрување на просторот и соодветното растојание меѓу секој од вежбачите е нешто на кое што не смее да се штеди и да се прави компромис. Во последните година дена успеавме да се прилагодиме на сите промени — online тренинзи, тренинзи на отворено, персонални тренинзи, поголема сала според сите мерки и прописи, се со цел нашите членови да се чувствуваат безбедно, а сепак да останат физички активни.
Еве 7 начини како да си ги задржиш вежбачите во пост-Ковид свет: 👇
1. Постојано биди во комуникација со нив и одговарај на секое прашање
Вежбачите секогаш ќе имаат безброј прашања во врска со часовите, хигиената и безбедноста за вежбање. Без разлика дали ќе им го дадеш одговорот во живо, преку Фејсбук или Инстаграм, важно е да им одговориш на се што ги мачи. 📝
2. Редовно разговарај со нив и дај им поддршка
Ако вежбачите не чувствуваат дека им посветуваш внимание и ги третираш како индивидуи, голема е веројатноста дека нема да го продолжат членството. 😳
Без разлика дали ќе им направиш 5 минути муабет после вежбање, ќе им пишеш на социјалните мрежи или ќе им се јавиш, постојаната комуникација е голем фактор дали следниот месец ќе ти останат истите клиенти или не.
3. Понуди хибриден модел на часови
Немој да ги изгубиш оние вежбачи кои што се уште не се чувствуваат доволно спремни да се вратат во сала. Ако веќе не си почнал/а, понуди онлајн часови или придружи се на FitKit Plus програмата и сними кул видеа со вежбање. 🏆
На овој начин, ќе се осигуриш дека твоите членови се ангажирани и мотивирани дури и во комфорот на својот дом.
4. Предизвикај ги
30 дневен јога предизвик, едночасовна медитација, квиз, наградна игра. Ова се само дел од активностите што можеш да ги направиш на социјалните мрежи за да ги забавуваш и активираш вежбачите. 😍
5. Покажи вежбачи кои имале голем прогрес
Логички, ако вежбачот не гледа дека има резултати од вежбањето со тебе, ќе отиде на друго место. Затоа е важно постојано да покажуваш пред и потоа слики од вежбачи кои што ја постигнале целта. Ова ќе им даде дополнителна мотивација за и тие да се потрудат малку повеќе. 🏆
6. Посакај им топло добредојде на новите членови
Првиот ден во ново фитнес студио и теретана може да е пресуден. Осигурај се дека новите вежбачи ќе се осеќаат удобно, безбедно да вежбаат со тебе и дека ќе им стоиш на располагање за секоја дилема што ја имаат.
Драгана ни објаснува како ја мотивираат и одржуваат базата на клиенти: 👇
Нашите тренинзи се секогаш динамични и различни со посебен акцент на благосостојбата, физичкото и менталното здравје како целина. Во овие тешки времиња, чувствувам дека покрај тоа што сме фитнес центар во кој девојките доаѓаат за да постигнат одредени физички резултати, сме и место каде што секој се чувствува добредојдено и прифатено, а во овој период и место каде што девојките се социјализираат (нормално со 2 метри дистанца).“Душата” на нашиот клуб е тоа што никого не судиме, без разлика на физичкиот изглед, атлетски предизпозиции, итн. Туку сме тука за сите да станеме подобора и поздрава верзија од себе.
Нема ништо подобро од среќни и мотивирани членови, нели?
Овие неколку совети ќе помогнат твоите вежбачи да останат со тебе поради твојата одлична услуга и супер резултати. 👌
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.