Дали сакаш да пробаш иновативен и ефикасен тренинг што ќе ти заштеди на време? ⏱️
Тимот на фитнес студиото БодиАрт ќе ти помогне во тоа!
Овде ќе можеш да пробаш ЕМС тренинг – 20 минутен тренинг со кој се активира целото тело со помош на опрема која прави стимулација на мускулите. Преку овој тренинг, твоето тело согорува дополнителни 300-500 калории дневно. 🤯
А по тренингот, може да се релаксираш со 15-минутна масажа на масажна фотелја ZERO GRAVITY.
Ангела Китановска, фитнес инструктор во БодиАрт објаснува како дошло до идејата за формирање на оваа студио што постои скоро 3 години.
Инспирирана бев од брзиот начин на живот каде што луѓето се поретко наоѓааат време за себе. ЕМС тренинзите траат само 2х20 минути и овозможуваат активирање на целото тело и влијаат позитивно врз здравјето на луѓето. Исто така, успеавме да го победиме недостигот на физичка активност за време на Ковид пандемијата токму со овие безбедни, индивидуални, брзи и ефикасни тренинзи.
Зошто треба да пробаш ЕМС тренинг во БодиАрт?
⭐ ЕМС тренинот трае само 20 минути (во споредба со стандарден тренинг што трае барем еден час).
⭐ Тренинзите се индивидуални и сите вежби се прават со надзор од тренер кој е посветен само на клиентот.
⭐ Со помош на електричните импулси кои се испраќаат до мускулите, активираш 90% од твоето тело или повеќе од 350 мускули истовремено (дури и тешко достапните мускули).
⭐ Тренингот ќе ти помогне да го забрзаш метаболизмот, да ги активираш мускулите, да си ги зголемиш енергијата и физичката сила.
⭐ Одличен за регенерирање на ткивата и опоравување од повреди.
⭐ Тренингот е соодветен за секого, без разлика дали си почетник или професионален спортист.
Речиси сите клиенти забележуваат подобрување на држењето и кондицијата и тоа само по неколку тренинзи. Оние со здравствени проблеми од типот на дискус хернија, спондилоза или некаква повреда на зглобовите, со редовно вежбање во БодиАрт, по неколку месеци, забележуваат ослободување од болките како резултат на зацврстување на мускулатурата. Што се однесува до губењето на килограми, целта не ни е да клиентите да гладуваат и да имаат екстремно брзи резултати, туку преку балансирана исхрана и редовни тренинзи да ги симнат килограмите трајно. Имаме примери од повеќе клиенти кои за помалку од година ослабеле до 20 килограми.
По желба на клиентот, се прави и мерење на обемот на телото, а имаш и опција за психолошка поддршка и мотивација за да ги реализираш своите фитнес цели. 🎯
Еве зошто треба да му дадеш шанса на БодиАрт:
Имаме индивидуален пристап кон секој клиент и максимално се трудиме во исполнување на неговите цели. Градиме еден пријателски однос со цел клиентот да се чувствува удобно, затоа термините за ЕМС тренинзи се флексибилни во зависност од желбата и распоредот на клиентот. Дојдете на пробен тренинг за да се уверите во ефикасноста на тренинзите во БодиАрт! 💪
БодиАрт е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на БодиАрт, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на:
👣 улицата „Њуделхиска” број 2 во општината Карпош во Скопје (Позади Веро Тафталиџе).
За да бидеш во тек со сите новости на БодиАрт:
📸 Следи ги на Инстаграм: @ems_bodyart
👍 Пиши им на Фејсбук: BodyArt
📧 Пиши им на мејл: emsbodyart5@gmail.com
☎️ Јави се: 076 557 410
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.