Поздраво срце, полесно трошење калории, подобрување на балансот и социјалната интеракција се само дел од придобивките што ќе ги добиеш тренирајќи во Мондано Тенис Клуб. 🎾
Мондано Тенис Клуб веќе половина деценија поставува нови стандарди за тоа како треба да изгледа и да функционира еден современ тениски клуб.
Овде можеш да ги пробаш следните видови тенис:
✅ Црвен тенис (наменет за деца од 4 до 8 години)
✅ Портокалов тенис (наменет за деца од 8 до 10 години)
✅ Зелен тенис (наменет за деца постари од 11 години)
✅ Teen (наменет за тинејџерската возраст)
✅ Часови за рекреативци од сите возрасти
✅ Часови за натпреварувачи
Виктор Михајловски, сопственик на Мондано Тенис Клуб објаснува зошто овој тениски клуб се истакнува пред останатите.
Идејата за формирање на овој клуб беше партнерска. Она што нè прави поразлични од другите се беспрекорната услуга, грижа на клиентот и забавните тренинзи. 🤩
Како дел од услугите на Мондано Тенис Клуб, можеш да си закажеш групни или приватни часови, полуприватни часови, да го изнајмиш тениското игралиште или тениска опрема.
Овој клуб е познат по големиот број на освоени турнири и високи достигнувања на интернационални трурнири, со што уште еднаш го потврдува квалитетот на својата услуга. 🏆
Тимот на Мондано Тенис Клуб ги охрабрува сите вежбачи да дојдат и да му дадат шанса на тенисот како дисциплина и да ги почувствуваат сите здравствени придобивки од играњето тенис на своја кожа.
Закажете го вашиот пробен час и уверете се во нашата професионалност и пријатна атмосфера!⠀
Мондано Тенис Клуб е уште еден член на ФитКит фамилијата. 👩👧👧
Доколку сакаш и ти да бидеш дел од приказната на Мондано Тенис Клуб, закажи си термин преку ФитКит апликацијата и посети го студиото што се наоѓа на:
👣 улицата „Димитрие Чуповски” број 25 во општината Центар во Скопје.
За да бидеш во тек со сите новости на Мондано Тенис Клуб:
📸 Следи ги на Инстаграм: @mondanotennisclub
👍 Пиши им на Фејсбук: Mondano Tennis Club
📧 Пиши им на мејл: mondanotennisclub@gmail.com
☎️ Јави се: 075 250 425
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.