FMS

FMS

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект. Нудиме професионални услуги, имаме високо обучен кадар и користиме иновативна технологија.

ФМС, исто така, претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цел – да ви обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.

ФМС ќе пружи поддршка и професионални совети за вашата компанија во процесот на влез на пазарот во Македонија од самиот почеток па сè до завршување на проектот. Обезбедуваме консултантски услуги за инвестиции и воспоставување на вашиот бизнис во југоисточна Европа. Нашата компанија соработува со низа меѓународни консултантски фирми од различни индустрии и ќе ви овозможиме меѓународно искуство со локални ескпертски познавања и поддршка.